CANNA PK 13-14 500ml - стимулатор на цветање
-
Код:921
-
Тежина:0.600 кг
CANNA PK 13/14 е комбинација од стимулирачки минерали за цветањето, во форма која е максимално прифатлива од растенијата.
Овој производ е разработен специјално за фазата на цветање на брзорастечки растенија. Тој е лесен за употреба и е гаранција за повисоки приноси без многу напори. CANNA PK 13/14 е смеса од макроелементите фосфор и калиум. Фосфорот е елемент одговорен за плодноста на растенијата. Неговото присуство е претпоставка за образувањето на плодни пупки. Учествува во синтезата на сите масла, шеќери, скробови и др.,освен тоа има важна улога врз образувањето и зацврстувањето на ткивото, што од своја страна ја зголемува отпорноста на растенијата.
Калиумот игра важна улога во фотосинтезата, учествува во образувањето на протеини, го подобрува квалитетот на плодовите и ја засилува отпорноста на растенијата на стресни фактори-ниски температури, засушаување, напад од болести и непријатели и др.
Додатокот CANNA BOOST ACCELERATOR, кој ја забрзува размената на материите, го засилува ефектот на CANNA PK 13/14. CANNA PK 13/14 обезбедува дополнителни елементи, неопходни за цветање, а CANNA BOOST ACCELERATOR добавува енергија за прифаќање на тие елементи. Со оваа комбинација растението ќе има уште помоќни и изобилни цветови!
Експресна нарачка
Применлив во секоја средина:
-CANNA PK 13/14 може да се употребува во секоја средина.
-CANNA PK 13/14 се користи при одгледување на растенија во почва, со рециркулирачки системи, при одгледување со кокосов субстрат и при run-to-waste системи. CANNA PK 13/14 одговара како за внатрешно, така и за надворешно одгледување.
Употребете 150ml CANNA PK 13/14 за 100L раствор