
Како да направите нарачка?
Во Growshop Mania можете да нарачате на начин кој најмногу ви одговара:
Онлајн преку веб-страницата: Изберете ги производите што ги сакате, додадете ги во кошничката и следете ги чекорите за завршување на нарачката.
Телефонска Нарачка (WhatsApp/Viber): Контактирајте нè телефонски и нашиот тим ќе ви помогне да ја направите нарачката.
Преку социјалните мрежи: Испратете ни порака на нашите профили на Facebook или Instagram со производите што сакате да ги нарачате.
Потврда на нарачката
По приемот на вашата нарачка, член на нашиот тим ќе ве контактира за потврда и проверка на податоците за испорака. По потврдата, нарачката ќе биде подготвена за обработка и испорака.
Начини на плаќање
1. Банкарски трансфер
Доколку изберете плаќање преку банкарски трансфер, нашите колеги од тимот на Growshop Mania ќе подготват и ќе ви испратат профактура со сите потребни податоци за уплата.
По приемот на профактурата, можете да ја извршите уплатата согласно наведените инструкции. По извршената уплата, ве молиме испратете ни потврда за плаќање.
Предност: Со плаќање преку банкарски трансфер ги избегнувате дополнителните провизии за наплата во готово при достава.
2. Плаќање во готово при достава
Доколку ја изберете оваа опција, нарачката ја плаќате директно на доставувачот при приемот на пратката.
Имајте предвид дека:
Карго-компанијата наплатува дополнителна провизија за услугата за наплата во готово (откупнина).
Цената на доставата ја одредува карго-компанијата согласно сопствениот ценовник и услови.
Провизијата за наплата во готово и трошокот за достава се одредуваат и наплатуваат од страна на карго-компанијата, а не од Growshop Mania.
Ви благодариме за довербата и за изборот на Growshop Mania! 💚