Валута
MKD
  • EUR
  • MKD
Јазик
Мени
Профил
Јазик
Дома ЃУБРИВА CANNA СТИМУЛАТОРИ ЗА РАСТ И ЦВЕТАЊЕ CANNA PK 13-14 1L - стимулатор на цветање

CANNA PK 13-14 1L - стимулатор на цветање

Цена: 1,040.00ден
  • Код:
    588
  • Тежина:
    1.200 кг

CANNA PK 13/14 е комбинација од стимулирачки минерали за цветањето, во форма која е максимално прифатлива од растенијата.

Овој производ е разработен специјално за фазата на цветање на брзорастечки растенија. Тој  е лесен за употреба и е гаранција за повисоки приноси без многу напори. CANNA PK 13/14 е смеса од макроелементите фосфор и калиум. Фосфорот е елемент одговорен за плодноста на растенијата. Неговото присуство е претпоставка за образувањето на плодни пупки. Учествува во синтезата на сите масла, шеќери, скробови и др.,освен тоа има важна улога врз образувањето и зацврстувањето на ткивото, што од своја страна ја зголемува отпорноста на растенијата.

Калиумот игра важна улога во фотосинтезата, учествува во образувањето на протеини, го подобрува квалитетот на плодовите и ја засилува отпорноста на растенијата на стресни фактори-ниски температури, засушаување, напад од болести и непријатели и др.

Додатокот CANNA BOOST ACCELERATOR, кој ја забрзува размената на материите, го засилува ефектот на CANNA PK 13/14. CANNA PK 13/14 обезбедува дополнителни елементи, неопходни за цветање, а CANNA BOOST ACCELERATOR добавува енергија за прифаќање на тие елементи. Со оваа комбинација растението ќе има уште помоќни и изобилни цветови!

Експресна нарачка

Just 4 полиња to fill in
Ние ќе ве контактираме во рамките на работниот ден.
CANNA PK 13-14 1L - стимулатор на цветање

Применлив во секоја средина:

-CANNA PK 13/14 може да се употребува во секоја средина.

-CANNA PK 13/14 се користи при одгледување на растенија во почва, со рециркулирачки системи, при одгледување со кокосов субстрат и при run-to-waste системи. CANNA PK 13/14 одговара како за внатрешно, така и за надворешно одгледување.

Употребете 150ml CANNA PK 13/14 за 100L раствор

 

Нови продукти