Валута
MKD
  • EUR
  • MKD
Јазик
Мени
Профил
Јазик

ADWA /AD 100/ - електронски pH тестер

Цена: 3,110.00ден
  • Код:
    541
  • Тежина:
    0.200 кг

ADWA /AD 100/ - електронски pH тестер 

Исправност: Тргнете го капачето. Ако се формирале бели кристалчиња, тие ќе се разградат при процесот. За да ја подобрите работата на уредот, накиснете го врвчето на тестерот во пуфер растворот со pH 7 десет минути.

Видео инструкции (Англиски)

Калибрирање: Калибрирајте го овој тестер еднаш неделно или во кое било време, ако се сомневате, дека има проблем со отчитувањето. Adwa pH тестерите можат да бидат калибрирани на 4,7 и 10 pH вредности. СЕКОГАШ калибрирајте прво со pH 7!

1) Ставете го врвот на тестерот во пуфер раствор со pH 7 и притиснете ON/OFF.
2) Притиснете CAL,7.0 и потоа pH ќе започнат да трепкаат на екранот. Кога натписот pH ќе престане да трепка, отчитувањето е стабилизирано. Притиснете READ; 4.0  pH ќе трепка на екранот
3) Исплакнете го врвчето на тестерот со дестилирана или јодизирана вода.
4) Ставете го врвчето на тестерот во пуфер раствор со pH 4 (за киселински вредности) или во pH 10 пуфер,“10.0“ и „4.0“ ќе започнат да трепкаат (за основи)
5) Кога pH ќе престане да трепка отчитувањето е стабилизирано. Притиснете READ. Калибрирањето е завршено.
 

Работа:

1) Тргнете го заштитното капаче.
2) Притиснете  ON/OFF за да го вклучите уредот и поставете го врвот на тестерот во пробата, која ќе биде мерена. Промешајте ја пробата и запишете ја вредноста, кога цифрите ќе се стабилизираат.

Притиснете ON/OFF за да го исклучите тестерот.

ADWA ТЕСТЕРИТЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ПОТОПУВАНИ ДО ЕКРАНОТ СО ТЕЧНИ КРИСТАЛИ

 

Оддржување: Сензорот секогаш треба да е влажен. Тоа се остварува кога во капачето на тестерот  се ставаат по неколку капки од раствор pH 4. Исплакнете ја електродата со проточна вода после секое мерење.

ВНИМАНИЕ: НЕ КОРИСТЕТЕ ДЕСТИЛИРАНА ИЛИ ДЕЈОНИЗИРАНА ВОДА ПРИ ЧУВАЊЕТО

Смена на батериите: Кога батериите треба да бидат сменети, на екранот ќе се појави порака „Eb“ и тестерот автоматски ќе се исклучи, за да не дојде до несигурни измерени вредности. Отворете го делот за батерии од горе на уредот. Ставете ги батериите како што е покажано и затворете го капачето.

Важно: Ec - употребете нов пуфер раствор. Eb - батериите се за менување.

 

Експресна нарачка

Just 4 полиња to fill in
Ние ќе ве контактираме во рамките на работниот ден.
ADWA /AD 100/ - електронски pH тестер

Тестерот е покриен со гаранција за дефект за период од 2 години од денот на купувањето. Во овој период, апаратот може да се врати на продавачот со доказ за купување (ваучер за готовина). Ако се најде дефект, тој ќе се санира или замени.

Оваа гаранција НЕ опфаќа злоупотреба на апаратот, случајно оштетување (загуба, мокрење), поправка од страна на неовластени лица. 6-месечна гаранција за сонди.