Јазик &
MK /
Јазик
0
Јазик &
MK /
Јазик
  •      
Дома ИНСТРУМЕНТИ ЗА МЕРЕЊЕ PH И EC ТЕСТЕРИ ТЕСТЕРИ Milwaukee EC60 тестер - електронски EC тестер

Milwaukee EC60 тестер - електронски EC тестер

Цена: 3,770.00ден
  • Код:
    1870
  • Тежина:
    0.200 кг

Водоотпорен тестер со џебна големина за мерење на  ЕС / TDS / Temp.

Вклучува функции како заменлива сонда, мерење на температура во ° C или ° F, автоматска компензација на температурата со регулирачки ß, индикатор за нивото на батеријата, индикатор за стабилност, автоматско исклучување и автоматско калибрирање.

Мерењата се покажуваат на две нивоа на LCD дисплејот: ЕС (20.00 Ms / см), или TDS (10.00 PPT). Исто така ја покажува и температурата од 0.0 до 60.0 ° С (или 32.0 до 140.0 ° F) на второто ниво во исто време.

ИНСТРУКЦИИ ЗА РАБОТА СО ТЕСТЕРОТ:

  • Тргнете го капачето и вклучете го тестерот со притискање на копче ON/OFF. Сите употребени сегменти  на LCD екранот, ќе бидат видливи за околу секунда или толку долго, колку ќе го држите копчето.
  • Потопете ја сондата во растворот, кој сакате да го измерите, изберете или EC или TDS режим со копчето SET/HOLD.
  • Размешајте го внимателно растворот со сондата со кружни движења и почекајте отчитувањето да се стабилизира. Т.е. додека симболот песочен часовник на LCD екранот се изгаси.
  • EC или TDS вредноста е автоматски компензирана према температурата и ќе биде покажана на главниот LCD, додека Т ќе биде покажана на второстепениот LCD.
  • За да го стопорите дисплејот, додека сте во режим на мерење, притиснете и задржете го копчето SET/HOLD. Пораката “HOLD” ќе биде покажана на вториот дисплеј и ќе биде стопорено на LCD екранот. Притиснете го било кое копче, за да се вратите во нормален режим.
  • За да го исклучите тестерот притиснете го копчето ON/OFF. Пораката “OFF” ќе се покаже на вториот дисплеј. Пуштете го копчето.
  • Пред секое мерење уверете се дека тестерот е калибриран (тоа можете да го дознаете ако натписот “CAL” свети на дисплејот)
  • После секое користење на тестерот, секогаш исклучувајте го, исплакенете му ја сондата со вода и чувајте го затворено капачето!
  • SETUP
  • Овој режим ви дозволува да ги менувате единиците на мерење за температура C/F, факторот на коверзија (CONV) и температурниот коефициент (BETA). За да влезете во овој режим, притиснете и задржете го копчето ON/OFF додека „CAL” на вториот дисплеј не се смени со „TEMP”,  после што:
  • За да изберете C/F единица, притиснете го SET/HOLD копчето, после притиснете го копчето ON/OFF еднаш за да влезете во пуфер подесувања или два пати, за да се вратите во нормален режим.
  • За да ја смените TDS вредноста откако сте ја подесиле секцијата со температурата, притиснете ON/OFF еднаш за да се покаже тековната вредност (напр. 0.50 CONV). Изберете ја саканата вредност кога ќе го притиснете SET/HOLD копчето, после тоа притиснете ON/OFF двократно, за да се вратите во нормален режим.
  • За да го промените температурниот коефициент, откакао ќе го подесите TDS факторот, притиснете ON/OFF за да се покаже тековната вредност на температурниот коефициент (напр. 2.1 BETA). Притиснете го копчето SET/HOLD, за да ја подесите саканата вредност, по што притиснете ON/OFF за да се вратите во нормален режим.
  • КАЛИБРАЦИЈА:
  • За најголема точност на мерењето се препорачува честа калибрација.
  • Од нормалниот режим EC, притиснете и задржете го копчето ON/OFF/CAL  додека пораката “OFF” на дисплејот не биде заменета со порака „CAL” . Пуштете го копчето.
  • Потопете ја сондата во соодветен калибрационен раствор: 12.88 mS/cm.
  • Откако вредноста ќе биде автоматски отчитана, LCD екранот ќе испише „OK” за околу секунда и тестерот ќе се врати кон нормален, мерен режим.
 

Нема потреба да го калибрирате одново тестерот ако решите да го смените подесувањето на мерење од ЕС на TDS.

Кога процедурата на калибрирање е извршена коректно, натписот “CAL” свети на екранот.

За да рестартирате до подесување по подразбирање и да ја исчистите претходната калибрација, притиснете го ON/OFF/CAL копчетоа после влегување во калибрациониот режим и пред калибрационата точка да биде прифатена. Второстепениот дисплеј ќе прикаже "CLR" околу една секунда, тестерот ќе се врати на фабричкото подесување и дисплејот автоматски се исклучува. "CAL"

 1,0 mS (EC) = 700 ppm (TDS)
1,1 mS (EC) = 770 ppm (TDS)
1,2 mS (EC) = 840 ppm (TDS)
1,3 mS (EC) = 910 ppm (TDS)
1,4 mS (EC) = 980 ppm (TDS)
1,5 mS (EC) = 1050 ppm (TDS)
1,6 mS (EC) = 1120 ppm (TDS)
1,7 mS (EC) = 1190 ppm (TDS)
1,8 mS (EC) = 1260 ppm (TDS)
1,9 mS (EC) = 1330 ppm (TDS)
2,0 mS (EC) = 1400 ppm (TDS)
2,1 mS (EC) = 1470 ppm (TDS)
2,2 mS (EC) = 1540 ppm (TDS)
2,3 mS (EC) = 1610 ppm (TDS)
2,4 mS (EC) = 1680 ppm (TDS)
2,5 mS (EC) = 1750 ppm (TDS)
2,6 mS (EC) = 1820 ppm (TDS)
2,7 mS (EC) = 1890 ppm (TDS)
2,8 mS (EC) = 1960 ppm (TDS)
2,9 mS (EC) = 2030 ppm (TDS)
3,0 mS (EC) = 2100 ppm (TDS)

Експресна нарачка

(Само 4 полиња пополнете во)
Ние ќе ве контактираме во рамките на работниот ден.

Тестерот е покриен со гаранција за дефект за период од 12 месеци од денот на купувањето. Во овој период, апаратот може да се врати на продавачот со доказ за купување (ваучер за готовина). Ако се најде дефект, тој ќе се санира или замени.

Оваа гаранција НЕ опфаќа злоупотреба на апаратот, случајно оштетување (загуба, мокрење), поправка од страна на неовластени лица.

Најпродавани

Нашите водечки брендови