Валута
MKD
  • EUR
  • MKD
Јазик
Мени
Профил
Јазик
Дома ЃУБРИВА BIOBIZZ ОСНОВНИ ЃУБРИВА Bio Bloom 500ml - органиско ѓубриво за цветање

Bio Bloom 500ml - органиско ѓубриво за цветање

Цена: 450.00ден
  • Код:
    172
  • Тежина:
    0.500 кг

Bio Bloom е целосно органско течно ѓубриво, одредено за користење во фазата на цветање и давање на плод.

За време на овие етапи од развојот на  растенијата имаат потреба од многу фосфор и калиум. Затоа Bio Bloom содржи минимално количество азот и високи нивоа на овие два елементи, кои гарантираат изобилно цветање.

Bio Bloom е идеален за употреба во почвени субстрати. Органските хранливи материи се најефективни во почвата затоа што активираат микробиолошка активност во неа, што од своја страна го зголемува приемот на хранливи материи и го стимулираат растењето и развојот на растенијата.

Освен клучните елементи азот, фосфор и калиум, Bio Bloom вклучува избор од микроелементи и хормони и содржи внимателно одбрана комбинација од ензими и аминокиселини. Овој адаптиран состав работи заедно за зацврстување на вашите растенија, збогатување на почвата, активирање на микроорганизмите и за промовирање производството на цвеќе и овошје на потполно природен начин. Не се неопходни хемиски додатоци.

Основни карактеристики на Bio Bloom:

  • Високи нивоа на калиум и фосфор за засилување на цветањето
  • Збогатен со аминокиселини, хормони и 70 микроелементи
  • Идеален за органско земјоделство
  • Го зголемува и подобрува вкусот на приносите
  • Целосно е направен од растителни екстракти

 

Експресна нарачка

Just 4 полиња to fill in
Ние ќе ве контактираме во рамките на работниот ден.
Bio Bloom 500ml - органиско ѓубриво за цветање

Користете Bio Bloom за време на фазата на цветање и развојот на плодовите од растенијата, во доза од 1-4ml/L со секое наводнување. За најдобри резултати користете го Bio Bloom, заедно со додатокот BioBizz Top Max.

NPK: 2-7-4; pH 5,7 ; EC: 0,3

Протресете добро пред употреба! Чувајте на ладно и темно место, недостапно за деца и домашни животни!

Предвремено мешање на органски продукти не се препорачува, бидејќи започнуваат да ферментираат ако се чуваат повеќе од 24h!

Нови продукти