Bio Grow 500ml - органско ѓубриво за раст
-
Код:171
-
Тежина:0.500 кг
Bio Grow е 100% органски производ за сите видови растенија, овошје, зеленчук, тревни и стеблести насади за буен и обилен раст за време на вегетативната фаза и за потхранување за време на цветањето.
Оваа моќна формула е целосно решение за вашите растенија, бидејќи содржи се од тоа што ним им е потребно. Bio Grow работи преку активирањето на почвената микрофлора, што од своја страна помага за зголемување на вегетативниот раст и изградба на еден здрав и одлично функционален коренов систем. Со висока концентрација на азот, најсоодветен е за употреба во вегетативната етапа на развојот и е идеален за трајна употреба на билки и листнати зеленчуци. И покрај тоа може да се употребува во целиот период на раст на сите растенија и се користи од многу производители како тоник за време на етапите на цветање и плодоносење.
Карактеристики на Bio Grow:
- Висока концентрација на азот за енергичен вегетативен раст
- Изобилство од микроелементи, шеќери, витамини и хумински киселини за здрави растенија
- Целосно органски ѓубриво, раствор направен целосно од екстракт од шеќерно цвекло
- Идеален за органско земјоделство
Bio Grow содржи екстракт од шеќерно цвекло и е збогатен со 70 микроелементи, природни шеќери, хумини киселини, алги и витамини B1, B2, C и E
Експресна нарачка
Bio grow е соодветен за сите почвени смеси. Тој може да се употребува за време на целата етапа на развој. И покрај тоа неговата примена треба да започне кога ќе се оформат првите ливчиња на вашите растенија (обично кога се околу 10-15см високи).
Дозирање: 2-4 ml/L при секое поливање. Единствениот исклучок е кога го користите Bio Grow со почвата BioBizz All mix, во тој случај пак се применува со секое поливање, но во доза 1ml/L
N-P-K вредност: 4 -3- 6; pH: 5.5; EC: 1.3
Се препорачува и користење за време на цветањето како додаток на Bio-Bloom и Top-Max.
Протресете добро пред употреба! Чувајте го на ладно и темно, недостапно за деца и домашни животни!
Предвременото мешање на органски производи не се препорачува, бидејќи тие започнуваат да ферментираат ако се остават повеќе од 24 часа!