Мени
Профил
Јазик

Категории во низа

Пронајди го производот по

Дома ЃУБРИВА BIOBIZZ СТИМУЛАТОРИ ЗА РАСТ И ЦВЕТАЊЕ

СТИМУЛАТОРИ ЗА РАСТ И ЦВЕТАЊЕ

Филтри
«1 2»

Top Max - Органски биостимулатор за цветање

Постојат три одлични причини да се користи овој 100% органски стимулатор на цветење.
Прво, содржи состојки кои помагаат да се зголеми реалната големина и тежина на цветните кластери.
Второ, се подобрува апсорпцијата на хранливите материи.
И трето, растенијата одгледувани со Top·Max даваат плодови со посладок и понежен вкус.

Начинот на кој се активира протокот на хранливи материи главно се должи на неговата способност да ги ослободи минералите калциум, железо и магнезиум во почвата, кои го стимулираат метаболизмот на растението.

Top·Max е исклучително ефикасен благодарение на хуминските киселини што ги содржи. Главниот извор на овие киселини е древна супстанца во почвата наречена леонардит, која потекнува од праисториски дрвја и вегетација што напредувале за време на карбонскиот период, пред околу 300 милиони години.

Фулвичните киселини исто така поседуваат специфични својства кои придонесуваат за здрав развој на цветовите. Овие киселини се добиваат од исклучително богати хуматни наслаги, пронајдени длабоко во земјата. Нивниот природен електричен полнеж привлекува хранливи материи и минерали присутни и во микробиолошката основа на почвата и во применетите органски ѓубрива.

Хуминските и фулвичните киселини дејствуваат заедно за да ја зголемат енергијата во старите растителни клетки, додека истовремено го стимулираат формирањето на нови.

Цена: 1,020.00ден

Alg A Mic - Органски биостимулатор против стрес

Растенијата без стрес и во добра состојба обично даваат поголеми и поквалитетни плодови. Alg·A·Mic доаѓа како решение кога растенијата се изложени на прекумерно прихранување, недостатоци, болести или температурни осцилации. Исто така, обезбедува зелени листови преку стимулирање на апсорпцијата на хлорофил.

Уште од 3000 години п.н.е., морските алги се користеле како храна, лек и ѓубриво. Alg·A·Mic е произведен од висококвалитетен, 100% органски концентрат од морски алги, добиен со ладно пресување, наместо со хемиски растворувачи. Ова високо ниво на природни хранливи материи ги задоволува сите потреби на растението, што резултира со бујна, интензивно зелена лисна маса.

Цена: 400.00ден

Acti Vera - Органски активатор за имунитет

Acti·Vera е дизајниран да го заштити имунолошкиот систем, да го зголеми метаболизмот и да ја подобри апсорпцијата на хранливите материи во сите видови растенија.

Кога ќе помислиме на алое вера, прво ни текнуваат здравје, свежина, анти-бактериско дејство, прочистување, детоксикација, убавина и нега на кожата. Па помисливме: ако работи чуда за човечката кожа, можеби неговата магија ќе делува и кај растенијата?

По темелни истражувања и тестирање на најдобрите комбинации на состојки за додавање во екстрактот од алое вера, го развивме финалниот производ: Acti·Vera.

Најважната разлика помеѓу овој производ и другите Biobizz производи (кои потекнуваат од почвата или морето) е тоа што Acti·Vera доаѓа „од растението, за растението“. Или, како што е попривлечно кажано – „растенија за растенијата“!

Acti·Vera ги прави растенијата посилни и поздрави, внатре и надвор. Го заштитува и активира имунолошкиот систем, го зголемува клијањето и метаболизмот на растенијата – разградува шеќери и ја подобрува апсорпцијата на хранливите материи. Тоа е вистински супер, природен производ за растенија – и е 100% вегански.

Цена: 520.00ден

Bio Heaven – органски стимулатор за раст и виталност

Вашите растенија ќе уживаат во целосен, севкупен „нирвана“ ефект со Bio·Heaven. Содржи внимателно избрани биолошки стимуланси, како аминокиселини – основни градбени елементи за протеини и ензими кои се неопходни за структурата и метаболизмот на растението.

Овој специјално формулиран енергетски бустер не само што ја подобрува ефикасноста и преносот на хранливите материи во сите фолијарни спрејови и мешавини на ѓубрива, туку исто така ги отстранува токсините преку зајакнување на антиоксидантниот систем на растението и го стимулира производството на хлорофил.

Bio·Heaven ја стимулира ензимската активност и брзата апсорпција на хранливите материи, го зголемува хелатот на есенцијалните макро- и микроелементи, помага растенијата да задржуваат повеќе влага и да доживуваат помал стрес од недостиг на влага, а истовремено обезбедува одличен извор на јаглеродна киселина за микроорганизмите во почвата. Во крајна линија, приносот е подобар и резултатот се плодови со повисок квалитет.

Цена: 1,040.00ден

Leaf Coat 500ml - органски спреј за виталност и заштита од стрес

Leaf Coat е 100% органски препарат за заштита и зголемена виталност на растението.

 

Содржи природен латекс, со кој ги покрива со тенок слој нежните делови на растението, заштитувајќи го од штетници (болви и други инсекти).

Leaf Coat е спремен за употреба во облик на спреј (шише со распрскувач) и почнува да делува неколку часа по користењето. Тој работи така што формира многу мал еластичен слој (околу 1.5 микрони) околу листовите на вашите растенија. Заштитниот слој не исчезнува и ја зачувува водата во листот и при висока температура. Leaf Coat е безопасен за употреба на сите растенија и во сите средини  на одгледување.

Во топла и влажна средина (околу 28 степени Целзиусови и повисоко), заштитниот слој на Leaf Coat ќе спречи прекумерно испарување на вода. Во ладна средина, додадениот слој ќе ви помогне да ги заштити растенијата од студ. Поради тоа, Leaf Coat може да биде идеалниот препарат за намалување на стресот при садење или пресадувањето на растенијата во различните средини со варирање на температурата и влажноста.

Покривањето на листот со овој препарат може да се користи во текот на циклусот на раст и природно се разградува околу две недели по нанесувањето, така што нема остатоци од препаратот на вашите растенија. Тоа е чудесна, природна, еколошка алтернатива на пестицидите и инсектицидите.

Иако не е совршен лек за штетниците и инсектите, тој предлага ефективен заштитен слој и во комбинација со други предности, како ограничувања на испарувањата и намалувањето на стресот од температурните разлики, би рекле, дека Leaf Coat е достоен сојузник, специјално за луѓето кој што си сакаат органски начин на одгледување.

Цена: 850.00ден
Број:

Leaf Coat 1L - органски спреј за виталност и заштита од стрес

Leaf Coat е 100% органски препарат за заштита и зголемена виталност на растението.

Содржи природен латекс, со кој ги покрива со тенок слој нежните делови на растението, со што ги штити од штетници (буви, инсекти и др).

Leaf Coat е спремен за употреба во спреј-шишенце и влегува во сила неколку часа после користењето. Тој работи така што формира многу мал еластичен слој (околу 1.5 микрони) околу листовите на вашите растенија. Заштитниот слој не исчезнува и ја зачувува водата во листот и при висока температура. Leaf Coat  е безопасен за употреба на сите растенија и во сите средини  на одгледување.

Во топла и влажна средина (околу 28 степени Целзиусови и повисоко), заштитниот слој на Leaf Coat ќе спречи прекумерно испарување на вода. Во ладна средина, додадениот слој ќе ви помогне да ги заштити растенијата од студ. Поради тоа, Leaf Coat тоа може да биде идеалниот препарат за намалување на стресот при садење или пресадувањето на растенијата на различните средини помеѓу температурата и влажноста.

Листното покривање со овој препарат може да се користи во текот на циклусот на раст и природно се разградувва околу две недели по нанесувањето, така што не остава остатоци или слични проблеми на вашите растенија. Тоа е чудесна, природна, еколошка алтернатива на пестицидите и инсектицидите.

Иако не е совршен лек за штетниците и инсектите, тој предлага ефективен заштитен слој и во комбинација со други предности, како ограничувања на испарувањата и намалувањето на стресот од температурните разлики, би рекле, дека Leaf Coat е достоен сојузник, специјално за луѓето кој што си сакаат органски начин на одгледување.

.

Цена: 1,390.00ден
Број:
Page 1 of 2
«1 2»

Најпродавани