Leaf Coat 500ml - органски спреј за виталност и заштита од стрес
-
Код:2848
-
Тежина:0.550 кг
Leaf Coat е 100% органски препарат за заштита и зголемена виталност на растението.
Содржи природен латекс, со кој ги покрива со тенок слој нежните делови на растението, заштитувајќи го од штетници (болви и други инсекти).
Leaf Coat е спремен за употреба во облик на спреј (шише со распрскувач) и почнува да делува неколку часа по користењето. Тој работи така што формира многу мал еластичен слој (околу 1.5 микрони) околу листовите на вашите растенија. Заштитниот слој не исчезнува и ја зачувува водата во листот и при висока температура. Leaf Coat е безопасен за употреба на сите растенија и во сите средини на одгледување.
Во топла и влажна средина (околу 28 степени Целзиусови и повисоко), заштитниот слој на Leaf Coat ќе спречи прекумерно испарување на вода. Во ладна средина, додадениот слој ќе ви помогне да ги заштити растенијата од студ. Поради тоа, Leaf Coat може да биде идеалниот препарат за намалување на стресот при садење или пресадувањето на растенијата во различните средини со варирање на температурата и влажноста.
Покривањето на листот со овој препарат може да се користи во текот на циклусот на раст и природно се разградува околу две недели по нанесувањето, така што нема остатоци од препаратот на вашите растенија. Тоа е чудесна, природна, еколошка алтернатива на пестицидите и инсектицидите.
Иако не е совршен лек за штетниците и инсектите, тој предлага ефективен заштитен слој и во комбинација со други предности, како ограничувања на испарувањата и намалувањето на стресот од температурните разлики, би рекле, дека Leaf Coat е достоен сојузник, специјално за луѓето кој што си сакаат органски начин на одгледување.
Експресна нарачка
Начин на користење: 1-2 пати неделно до двете последни недели пред крајот на цветањето. Прскајте од двете страни на листовите, но не смеете да претерувате. Прекомерната употреба ќе го намали протокот на воздух до листните клетки и на тој начин ќе го успори или стопира развитокот на растението! (Треба да се внимава да не се претерува со нанесувањето)
Протресете добро пред да го употребите овој препарат! Се чува на ладно и суво место, каде ќе биде недостапно за деца и домашни животни!