pH Down - регулатор за намалување на pH
-
Код:3925
-
Тежина:0.356 кг
Одржувањето на соодветно pH ниво е клучно за оптимален раст, без разлика дали одгледувањето се врши во хидропонски системи или во почва. pH вредноста на хранливиот раствор или почвата значително влијае врз апсорпцијата на есенцијалните хранливи материи неопходни за здрав раст и развој на растенијата. Обезбедувањето pH ниво во оптималниот опсег им овозможува на растенијата буен раст и обилно цветање.
Експресна нарачка
Препорачана доза и начин на употреба
За прилагодување на pH вредноста, додавајте капки постепено во хранливиот раствор, постојано следејќи го pH нивото. Повторувајте ја постапката сè додека не се постигне посакуваното pH ниво. Потребната количина за корекција на pH може да варира во зависност од јачината на хранливите материи и квалитетот на водата.
Услови за складирање
Да се чува во оригиналното пакување, на суво и ладно место, но НЕ во фрижидер, на температура од 5 до 30°C, надвор од дофат на деца и домашни миленици. Да се заштити од директна сончева светлина.
Рок на употреба – 3 години.
Посебни мерки на претпазливост при употреба
Во случај на контакт со очите, веднаш исплакнете со многу вода и побарајте лекарска помош.
Предупредување
H302 Штетно ако се проголта.
P311 Ако се проголта, веднаш јавете се во центар за труење / лекар.
H315 Предизвикува иритација на кожата.
H319 Предизвикува сериозна иритација на очите.
P280 Носете заштитни ракавици / заштитна облека / заштита за очи / заштита за лице.