Мени
Профил
Јазик
Дома ЃУБРИВА XPERT NUTRIENTS ДРУГИ ДОДАТОЦИ Cal-Mag Amino - Додаток на калциум и магнезиум

Cal-Mag Amino - Додаток на калциум и магнезиум

Цена: 10,930.00ден
  • Код:
    3758
  • Тежина:
    24.000 кг

Cal-Mag Amino е специјално одбрана формула дизајнирана да им даде сила на растенијата за правилен раст и подобри приноси, како и за корекција на недостаток на калциум и магнезиум. Употребата на Cal-Mag Amino носи значајни ефекти врз физиолошките и биохемиските процеси во растението. Обезбедува структурна поддршка на клеточните ѕидови и делува како активатор на многу специфични ензими неопходни за растот. Дополнително, придонесува и во процесот на фотосинтеза. Овој есенцијален производ на Xpert Nutrients е збогатен со аминокиселини, кои се фундаментални градбени елементи во процесот на синтеза на протеини. Апликацијата на Cal-Mag Amino во критични фази од развојот влијае врз физиолошките активности и го подобрува квалитетот на плодот и целокупното здравје на растението.

Cal-Mag Amino не е наменет само за растенија во земја — исклучително е важен и за хидропоника. Исто така се препорачува при користење вода од обратна осмоза.


Cal-Mag Amino - придобивки и квалитети

  • Им дава сила на растенијата и го поттикнува нивниот раст
  • Го зголемува клеточното делење
  • Го подобрува процесот на фотосинтеза
  • Го подобрува квалитетот на плодот и целокупното здравје на растението
  • Активира специфични ензими
Избери пакување:

Експресна нарачка

Just 4 полиња to fill in
Ние ќе ве контактираме во рамките на работниот ден.
Cal-Mag Amino - Додаток на калциум и магнезиум

Како да аплицирате Cal-mag Amino

  • 1,5 ml/1 литар вода – за дополнително збогатување, зајакнување и заштита
  • 2ml/1l вода - за недостаток на калциум и магнезиум

Складирање

Чувајте го во оригинално пакување на суво и ладно место. НЕ во ладилник, на температура од 5 до 28°C, Подалеку од дофат на деца и домашни миленичиња. Заштитете од директна сончева светлина. Рок на трање -5 години.

Специјални мерки за препазливост при употреба

Во случај на контакт со очи исплакнете темелно со вода и консултирајте се со лекар.

 

 

РАСПОРЕД НА ЃУБРИВА:

 

Product Data Sheet - Cal-Mag Amino