Cal-Mag Amino - Додаток на калциум и магнезиум
-
Код:3755
-
Тежина:1.200 кг
Cal-Mag Amino е специјално одбрана формула дизајнирана да им даде сила на растенијата за правилен раст и подобри приноси, како и за корекција на недостаток на калциум и магнезиум. Употребата на Cal-Mag Amino носи значајни ефекти врз физиолошките и биохемиските процеси во растението. Обезбедува структурна поддршка на клеточните ѕидови и делува како активатор на многу специфични ензими неопходни за растот. Дополнително, придонесува и во процесот на фотосинтеза. Овој есенцијален производ на Xpert Nutrients е збогатен со аминокиселини, кои се фундаментални градбени елементи во процесот на синтеза на протеини. Апликацијата на Cal-Mag Amino во критични фази од развојот влијае врз физиолошките активности и го подобрува квалитетот на плодот и целокупното здравје на растението.
Cal-Mag Amino не е наменет само за растенија во земја — исклучително е важен и за хидропоника. Исто така се препорачува при користење вода од обратна осмоза.
Cal-Mag Amino - придобивки и квалитети
- Им дава сила на растенијата и го поттикнува нивниот раст
- Го зголемува клеточното делење
- Го подобрува процесот на фотосинтеза
- Го подобрува квалитетот на плодот и целокупното здравје на растението
- Активира специфични ензими
Експресна нарачка
Како да аплицирате Cal-mag Amino
- 1,5 ml/1 литар вода – за дополнително збогатување, зајакнување и заштита
- 2ml/1l вода - за недостаток на калциум и магнезиум
Складирање
Чувајте го во оригинално пакување на суво и ладно место. НЕ во ладилник, на температура од 5 до 28°C, Подалеку од дофат на деца и домашни миленичиња. Заштитете од директна сончева светлина. Рок на трање -5 години.
Специјални мерки за препазливост при употреба
Во случај на контакт со очи исплакнете темелно со вода и консултирајте се со лекар.
РАСПОРЕД НА ЃУБРИВА:
