Enzymes - Органски ензимски додаток за разградување
-
Код:T104
-
Тежина:0.000 кг
Enzymes е висококвалитетна течна формула изработена од специјално одбрани ензими, важни за отклучување на вредните извори на хранливи материи во кореновата зона на растението. Ензимите ја одржуваат површината на коренот чиста, ги отстрануваат мртвата органска материја и останатите коренчиња, го забрзуваат процесот на разградување на мртвиот коренов материјал во достапни минерали и шеќери, и ја стабилизираат EC вредноста во супстратот. Ова ја подобрува природната способност на растението да апсорбира повеќе хранливи материи, избегнувајќи нивно натрупување во средината, што може да предизвика блокада на хранливи материи и појава на патогени во кореновиот систем.Ензимите помагаат во одржување на оптимални услови во супстратот, ја зголемуваат ефикасноста на корисните бактерии и ја подобруваат целокупната ефикасност на кореновиот систем.
Овој производ е незаменлив доколку планирате повторна употреба на супстратот за следен циклус.
Enzymes - придобивки и квалитети:
-
Го забрзува разградувањето на мртвите корени
-
Обезбедува коренова зона богата со кислород
-
Ја прочистува почвата и ги отклучува вредните извори на хранливи материи за растението
-
Ефективен во сите видови супстрати и во сите фази на развој
Експресна нарачка
Препорачана доза и начин на употреба:
2 ml/1 L вода.
За најдобри резултати, додадете го во вашиот хранлив раствор со секое полевање или барем 1 или 2 пати неделно. Не го подготвувајте растворот повеќе од 5 дена однапред. Аплицирајте го Enzymes последен во хранливиот раствор, по можност непосредно пред наводнување.
Погоден за сите видови растенија и компатибилен за употреба со други брендови на ѓубрива.
Услови на чување:
Да се чува во оригиналното пакување на суво и ладно место, но НЕ во фрижидер, на температура помеѓу 5 и 28°C, подалеку од деца и домашни миленици. Да се чува подалеку од директна сончева светлина. Рок на траење - 3 години.
Посебни мерки на претпазливост при употреба:
Во случај на контакт со очи, веднаш исплакнете со многу вода и побарајте лекарска помош.
РАСПОРЕД НА ЃУБРИВА:
