Tarantula 1L - стимулатор за корен
-
Код:399
-
Тежина:1.150 кг
Tarantula e 100% органски продукт (OMRI и OIM сертифициран) за модифицирање на кореновата зона, кој се состои од над 11 корисни бактерии, микроби, различни од тие во Voodoo Juice
Едно паковање од 4L Tarantula може да содржи 1,5 милијарди колонии на бактерии и микроби. Tarantula создава биодиверзитет во кореновата зона, го зајакнува и подобрува процесот на апсорција на хранливи материи. Поголемиот екосистем создава поголема отпорност на болести, ги штите корените од стрес предизвикан од животната средина (како што е топлината). Постојат неколку работи кои се важни да се споменат.
- Ги подобрува стапките на раст, што води до повисоки приноси
- Ги штити корените од болести
- Ги штити вашите растенија од стресови преизвикани од околината како што е топлината, што е се почеста бариера при интезивно осветлување во затворено. Обично со користење на црни пластични саксии, тие може да станат многу жешки при осветлување со висок интензитет. Кога растенијата се мали, без премногу зеленило, тие се изложени на голем ризик. Tarantula го решава овој проблем.
Детали:
Бактериите во Tarantula помагаат во деградација на органската материја во кореновата зона, за зголемена достапност на хранливите материи. Со деградација на органската материја се развиваат корисни бактерии. Со помош на овие бактерии, го консумираат овој деградиран материјал и го прават храна за вашите растеија, така што вие не само што ги елеминирате патогените закани, туку и ги храните вашите растенија со високо квалитетна храна, која инаку не би била достапна.
Кога користите Tarantula може да забележите деноноќна промена кај вашите растенија во рок од неколку недели од првата употреба. Ќе забележите подобро и погусто разгранување.
Движечка сила зад моќта на Tarantula е биолошката разновидност, што е особено корисна за инертни растителни средини, како што е стаклената волна.
Од десетици илјади видови и подвидови на бактерии, нашите истражувачи беа во можност да ги идентификуваат они кои работат за одредени култури со виока вредност.
Кореновите стимулатори помагаат за подобар и побрз развој на кореновиот систем. Кореновите се најважните делови од растението кои се одговорни за апсорција на хранливи материи. Добриот коренов стимулатор ја одржува кореновата зона здрава и чиста преку целиот животен циклус.
Продуктите на Advanced Nutrients се специјално назначени за брз раст на вашите растенија, обилно цветање, поздрави растенија и потешки плодови.
Експресна нарачка
Апликација: воден раствор 2ml/L за време на првата и втората недела од фазата на цветање.
Содржи 11 видови на корисни бактерии, од кои секоја една од нив спаѓа во една од трите главни видови на бактерии:
- Bacillus - е најсилен од трите и е крајно непријателски настроен кон анаеробните бактерии, кои ослободуваат ензими што ја разгрануваат органската материја.
- Arthobacter - се азотофиксирачки бактерии и стимулатори на растот , кои ги колонизираат корените и покажуваат антифугално дејство
- Paenibacillus - исто така се ефикасни азотофиксирачки бактерии, кои можат да го апсорбираат атмосферскиот азот, да го обработат во амонијак, па растенијата можат дирекно да го користат.