Alga Grow 1L - органско ѓубриво за растење
-
Код:373
-
Тежина:1.150 кг
Alga-Grow е извлечен и создаден од морски алги основно органско ѓубриво, применливо во фазата на растење на растението.
Тој содржи прецизен балансиран сооднос на азот,фосфор и калиум,кои се апсорбираат директно од растението и го оптимизираат растењето на природна основа. Alga-Grow ви овозможува здраво, постојано растење и добар развој на корените. Дава почетен импулс кон постигањето на едно целосно, здраво и моќно цветање.Alga-Grow е специјално создаден за органска култивација, како во почва, така и во кокосови влакна.
Alga-Grow може да биде искористен и кога растенияјаа ви страдаат од недостиг на азот. Основен признак за азотен недостог е пожолтувањето на листовите.
-
Азотот осигурува рамномерен и оптимален раст
-
Фосфоот го подобрува кореновиот развој и го потпомага цветањето
-
Калиумот е одговорен за транспортирањето на хранливите материи и ја зголемува целосната одржливост на растението
Без разлика дали одгледувате во почва, кокос или хидро, ние често земаме здрави хранливи состојки здраво за готово, а најмногу се фокусираме на производи како што се PK стимуланси, засилувачи и додатоци. Но, основната хранлива материја е основата што ја бара вашето растение во раните фази од својот живот - па затоа веројатно заслужува поголемо внимание отколку што ние му даваме.
Што се основните ѓубрива?
На растенијата им треба многу различни работи за да растат: светлина, воздух, вода и храна. Кога станува збор за исхраната, исто како и луѓето, на растенијата им треба „урамнотежена диета“. Ова подразбира правилно избалансирано ѓубриво што ги содржи сите основни елементи за раст, познати како основни ѓубрива, кои претставуваат цврста основа за здрав раст на растенијата. Сите видови стимуланси можат да се додадат во циклусот на растење, но вашите основни хранливи материи се градежните елементи за здрави здрави растенија.
Експресна нарачка
Дозирање:
Користете 2ml Alga Grow на секои 1l. вода за да се постигне хранлив раствор (1: 500).
Користете го секој пат кога ќе ги наводнувате цвеќињата.
За недостаток на азот, користете 4 ml. Alga Grow за секои 1л. вода (1: 250) додека не исчезнат жолтите лисја.
Внимание! Разредена, Alga Grow може да се чува само 24 часа!
Вредност на N-P-K: 4-2-4