Superthrive 3.8L - витамини
-
Код:3513
-
Тежина:0.000 кг
Superthrive е витамински-хормонски препарат, компатибилен со сите програми на ѓубрива.
Можете да користите SUPERthrive во најразлични средини на одгледување! Тој е силно концентриран производ, нетоксичен и одговара за секаков тип растенија. Подеднакво одговара за хидро-одгледување, поливање и листно прскање. SUPERthrive® го максимизира потенцијалот на растенијата, потребен за брза изградба на силен коренов систем и го намалувава стресот при пресадување.
При поливање, SUPERthrive® ја полни почвата и ги потикнува природните градивни елементи, кои самите растенија ги произведуваат при оптимални услови.Од 1939 г. досега, SUPERthrive® останува еден од основните производи на пазарот, кој го потикнува така важниот хемиски баланс, ги зголемува приносите, го стимулира имуниот систем на растенијата и гарантира безбедно пресадување на дрва од секаква големина.
Општи инструкции за употреба:
- Нанесете го самостојно или како дел од програмата на ѓубрива
- Употребувајте го мешаниот раствор (вода со ѓубрива + superthrive) или самостојно или растворен во вода уште истиот ден!
- Не ги поливајте растенијата 24 часа после примената на овој производ!
Општи совети за поддршка:
- Неделна / Месечна употреба: поливање со раствор 0.2ml/L (1ml/5L)
- Собни растенија/цвеќе: прскање/поливање 1ml на 4L вода
- За хидропоника, 2ml/1L секој пат, кога ја менувате или додавате нова вода во хранливиот раствор.
- Може да се примени и како листно прскање за енергични корени, здрави растенија и обилно цветање! - Видете ја етикетата на производот за конкретни инструкции.
За поспецифични примени, разгледајте дополнителна информација подолу.
Експресна нарачка
Пресадување:
Дрва
- Полејте со раствор од 5ml на 4L вода.
Растенија
-Полејте со раствор од 5ml на 4L вода пред и по расадување.Озеленување/Полски култури:
- Ливади/тревници: прскање с 1ml на 4L вода .
- Дрва: прскање со 1ml на 4L вода. Не заборавајте да прскате од двете страни на лисјата.
- Цвеќе: прскање со 1ml на 4L вода.
Спортски игралишта:
- прскање со 1ml на 4L вода.
Оранжерии(зеленчуци, цвеќе и др.):
- Секојдневан поддршка: прскање со 0.01ml/L (1ml/100L)
-Поливајте: 1.2мл на 4Л вода врз растенија, зеленчуци и цвеќе, еднаш неделно или месечно.