Welcome to our store
Welcome to our store

Валута
MKD
  • EUR
  • MKD
Јазик
Мени
Профил
Јазик

Vermiculite 1L - Вермикулит

Цена: 70.00ден
  • Код:
    1749
  • Тежина:
    0.150 кг

Вермикулитот е природен минерал од групата на Хидро-мика, кој се образува во внатрешноста на земјата.

После обработка при температура 1000 ºC  се претвора во лесен порозен материјал. Тој е инертен, хемиски и биолошки стабилен, стерилен. Благодарение на содржината на микроелементи како: калциум, магнезиум, калиум, железо и силициум,  вермикулитот е природен биостимулатор за растењето на растенијаа. 

  • Обемна маса: 80-100кг/м3
  • Фракција: 5-15мм
  • pH – 7
  • Не содржи азбест

 

Својства:

  • Со силно изразеното својство на апсорбција и воздушен капацитет, вермикулитот е одличен регулатор на влажноста и влијае позитивно врз развојот на корените.
  • Во почвените смеси се додава  со цел оддржување на оптимални услови на почвената влага, воздушен капацитет и топлински баланс, создавајќи благопријатни услови за хранење на растенијата.
  • Благодарение на својата порозна структура,  гранулите веднаш ја превземаат влагата и хранливите материи (100гр апсорбираат околу 400мл вода) кои ги даваат постепено на растенијата.
  • Користењето на вермикулит како компонента до (40%) во супстратите значително ги подобрува дренажните својства на смесата, ја зголемува пороозноста и ровкавоста, спречува зацврстување и лепење на почвата, ги заштитува корените од рески температурни колебања.
  • Ги заштитува корените од угинување поради највисокото напојување со тоа што истовремено ја задржува влагата, додека корените не ја прифатат. 
  • За разлика од агроперлитот, ја задржува влагата подолго време.
  • Благодарение на одличните топлоизолациони својства, тој создава благопријатна средина за чување на луковици, грутки и кореништа.
  • Поседува висок јонски капацитет така што ги задржува позитивно наполнетите јони на калиум, магнезиум и други микроелементи внесувани со ѓубрењето, кое го испушта постепено на растенијата.
  • Значително ја подобрува структурата и аерацијата на тешки глинести почви и влагозадржувачкиот капацитет на лесни песочни почви.
  • Благодарение на неутралното  pH може до извесен степен да ја намали киселоста на почвата и да го забави процесот на засолување.
  • Особено одговара при изградба на тревни површини, така што ги заштитува од преовлажнување или премногу исушување.  
  • Поради ниската топлопроводност, го намалува ризикот од измрзнување на кореновиот систем на многугодишните растенија.
  • При непотребно наѓубрување, вермикулитот апсорбира микро- и макроелементи,  така што истовремено ги намалува загубите на амонијачен и нитратен азот.

 

 

Експресна нарачка

Just 4 полиња to fill in
Ние ќе ве контактираме во рамките на работниот ден.
Vermiculite 1L - Вермикулит

Норми на употреба:

  • За зголемување на влагозадржувањето во тресетни супстрати додавате 20-40 % вермикулит.
  • Во супстрати за бонсаи до 50%.
  • За изградба на тревни површини: до 5л вермикулит на м2 .
  • Во шталско ѓубриво, компост, хумус до 20%.
  • За подобрување на почвата во градината околу 2-5л м2.
  • При користењето на вермикулит како дренажа: поставете на дното на саксијата околу 100-200мл вермикулит за секој литар од обемот на саксијата.
  • За чување на луковици, семиња и кореништа, посадочниот материјал се покрива со од 2 до 3 см вермикулит, така што тој е заштитен од температурни колебања, гниење и предвремено 'ртење.
  • Вермикулитот е особено погоден како средина или додаток во супстратите за терариуми, инкубатори и аквариуми.

Нови продукти