ГРОУБОКСОВИ
Growbox e делумно или целосно затворен систем за одгледување растенија во затворен простор.
Постојат повеќе причини за одгледување растенија во Growbox како што се:
- Немате доволно простор надвор
- Сакате да одгледувате растенија во студените месеци
- Сакате да ги заштитите растенијата од штетници и болести
VGrow Smart Grow Box 45x45x120cm - паметен гроубокс
VGrow Smart Grow Box е иновативен сеопфатен систем за одгледување растенија во затворен простор од Vivosun. Благодарение на интелигентната контрола и професионалните насоки за одгледување, корисниците можат лесно и автоматски да одгледуваат растенија и зеленчук.
- Брза и лесна инсталација за неколку минути, без потребни алатки.
- ЛЕД осветлување со целосен спектар, специјално дизајнирано за хортикултура, со прилагодлив спектар.
- Патентиран повеќеслоен систем за циркулација за оптимален проток на воздух.
- 99% елиминација на мирис.
- Лесен систем за самонаводнување со опции за надградба.
- Паметна апликација за следење, поставки и известувања.
BudBox Silver TitanPlus 240x240x200 - гроубокс за одгледување на растенија
Гроубокс со високи перформанси
Се одликува со цврста конструкција, која се состои од челични елементи. За разлика од многу други фирми, Budbox користи специјална паста за полирање на челичните столбови, така што на тој начин заштитата од корозија е гарантирана. Секој елемент од конструкцијата е составен од висококвалитетен челик, како и новиот вид клик конектори, кои гарантираат стабилно поврзување на столбовите и голема издржливост на тежина.
Овој гроубокс, располага со поголем број „прозорчиња” , како и дополнителни отвори/порти во основата, кои одговараат за поминување на систем за наводнување во и надвор од боксот. Тоа е исклучителна удобност, ако користите хидропонски методи за одгледување како Drip/flow, EBB/flow и др. системи.
Внатрешноста на Bud box е многу повеќе од само бело или сребрено покривало. Изработена од високо квалитетното PAR+ покривало, внатрешното покривало на овој бокс обезбедува рефлексија од 1.694 микромоли на кв. метар! Тоа значи повеќе светлина за вашите растенија.Не се образуваат жешки точки. PAR + е супер рефлектирачка облога - "интелигентен материјал", кој ја рефлектира искористената енергија (PAR светлина) и произведува помалку топлина за вашите растенија.
Други помалку рефлектирачки материјали покажале, дека го изместуваат спектарот на лампите за одгледување и создаваат повеќе инфрацрвени зраци (топлина). PAR + е рефлектирачки материјал, кој е основната причина што толку многу производители забележале поголема стапка на раст и значително зголемен квалитет на приносот во споредба со гроубоксови без PAR+ покривало. PAR означува фотосинтетичко активно емитирање. Тоа е тесен опсег електромагнетна енергија (400-700 нанометра), која растенијата ја користат при фотосинтезата. Мислете за PAR+ како фотонско гориво за вашите растенија. Колку повеќе PAR енергија вашите растенија добиваат, толку повеќе тие растат, и толку повеќе цветови и плодови произведуваат.
Budbox e 100% светлонепропуслив. Поседува отвори за набљудување, благодарение на кои имате пристап до растенијата, без да мора да го раскопчувате целосно – лесно и удобно!