ПЕРЛИТ, ВЕРМИКУЛИТ, КЕРАМЗИТ
AGRO PERLITE 1L - Перлит
Перлитот се користи во различни пропорции во зависност од тоа за кои видови растенија се користи. Може да се користи на отворено, за производство на садници, за пресадување цвеќиња, грмушки и дрвја, како и за одгледување во саксии. Односот помеѓу перлитот, почвата и тресет зависи од култивираните растенија.
- Пример шема за примена за растенија во саксии: измешајте 1 дел од агро перлитот со 2 дела почва оплодена со ѓубриво.
- Пример шема за примена во производството на расад: измешајте 2 дела агро перлит, 2 дела почва и 1 дел тресет.
Clay pebbles 1L - Керамзит
Керамзит (глинени камчиња) е произведен со користењето на комбинација од најдобрите кавалитетни делови глини и се пече во отворена печка со помош на висока класа чисти горива, кои гарантираат отсуство на тешки метали или други загадувачи.
Големината на камчињата осигурува стабилност, а нерамномерната форма на камчето е идеална површина за корени и корисни бактерии. Порозната структура има висок воден капацитет и одговара како за ebb/flood, така и за top системи за напојување.
Обично треба да се мијат пред да бидат употребени, бидејќи се склони да имаат глинен прав на површината кој се должи на меѓусебното триење на одделните топчиња за време на транспортот.
За најдобри резултати, измијте и накиснете го во вода со коригирано рН, во период од 3-5 дена, така што ќе го менувате водниот раствор со рН секој ден. Тоа ќе произведе средина, која не предизвикува зголемување на CF на вашиот хранлив раствор и има минимално ввлијание врз рН. Кога се исчистени, тие можат да бидат пуштени во ebb/flow системи или во саксии за капко-распрскувачките системи, со вашите растенија, поставени директно во нив.
После прибирање на реколтата, старите корени можат да бидат отстранети рачно, пред повторна употреба. Накиснувањето на керамзитот во квалитетен ензимски производ во траење од неколку дена, исто ќе помогне да се уништат старите корени. На овој начин, камчињата можат да бидат повторно употребувани по неколку пати. И покрај тоа, после неколку употреби, керамзитот е склон да ја губи својата груба, порозна површина и ќе мора да биде сменет, за да се запази неговата ефективност. Камчињата може да се мешаат во почви за подобрување на одводнувањето или да се искористат во контејнери со почва, за да се намали испарувањето на вода.
Vermiculite 1L - Вермикулит
Вермикулитот е природен минерал од групата на Хидро-мика, кој се образува во внатрешноста на земјата.
После обработка при температура 1000 ºC се претвора во лесен порозен материјал. Тој е инертен, хемиски и биолошки стабилен, стерилен. Благодарение на содржината на микроелементи како: калциум, магнезиум, калиум, железо и силициум, вермикулитот е природен биостимулатор за растењето на растенијаа.
- Обемна маса: 80-100кг/м3
- Фракција: 5-15мм
- pH – 7
- Не содржи азбест
Својства:
- Со силно изразеното својство на апсорбција и воздушен капацитет, вермикулитот е одличен регулатор на влажноста и влијае позитивно врз развојот на корените.
- Во почвените смеси се додава со цел оддржување на оптимални услови на почвената влага, воздушен капацитет и топлински баланс, создавајќи благопријатни услови за хранење на растенијата.
- Благодарение на својата порозна структура, гранулите веднаш ја превземаат влагата и хранливите материи (100гр апсорбираат околу 400мл вода) кои ги даваат постепено на растенијата.
- Користењето на вермикулит како компонента до (40%) во супстратите значително ги подобрува дренажните својства на смесата, ја зголемува пороозноста и ровкавоста, спречува зацврстување и лепење на почвата, ги заштитува корените од рески температурни колебања.
- Ги заштитува корените од угинување поради највисокото напојување со тоа што истовремено ја задржува влагата, додека корените не ја прифатат.
- За разлика од агроперлитот, ја задржува влагата подолго време.
- Благодарение на одличните топлоизолациони својства, тој создава благопријатна средина за чување на луковици, грутки и кореништа.
- Поседува висок јонски капацитет така што ги задржува позитивно наполнетите јони на калиум, магнезиум и други микроелементи внесувани со ѓубрењето, кое го испушта постепено на растенијата.
- Значително ја подобрува структурата и аерацијата на тешки глинести почви и влагозадржувачкиот капацитет на лесни песочни почви.
- Благодарение на неутралното pH може до извесен степен да ја намали киселоста на почвата и да го забави процесот на засолување.
- Особено одговара при изградба на тревни површини, така што ги заштитува од преовлажнување или премногу исушување.
- Поради ниската топлопроводност, го намалува ризикот од измрзнување на кореновиот систем на многугодишните растенија.
- При непотребно наѓубрување, вермикулитот апсорбира микро- и макроелементи, така што истовремено ги намалува загубите на амонијачен и нитратен азот.
Canna Clay pebbles 45L - Керамзит
CANNA Aqua Clay Pebbles се печени глинени топчиња кои формираат идеална подлога за употреба од искусни производители
Благодарение на нивната уникатна структура, CANNA Aqua Clay Pebbles нуди идеална основа за производителите кои сакаат кои сакаат да ја контролираат примената на хранливи материи и нивото на влажност на нивните растенија во текот на целиот процес на култивирање. CANNA Aqua Clay Pebbles се направени од специјални видови глина кои имаат мала содржина на растворлива сол. Поради тоа тие се особено погодни за употреба во хидропонски системи.
CANNA Aqua Clay Pebbles имаат висока порозност и висока содржина на воздух, со што го стимулира развојот на коренот.
CANNA Aqua Clay Pebbles се неоргански, имаат неутрална pH вредност, немаат габи и не гнијат. Тие се состојат од различни компоненти кои заедно формираат оптимална, хетерогена структура која е идеална за развој на коренот.
Agro Perlit 100L - Агро Перлит вреќа 100Л
Перлитот се користи во различни пропорции во зависност од тоа за кои растенија се користи. Може да се користи на отворено, за производство на садници, за пресадување цвеќиња, грмушки и дрвја, како и за одгледување саксии. Односот помеѓу агро перлитот, почвата и тресет зависи од култивираните растенија.
- Пример шема за примена за растенија во саксии: измешајте 1 дел од агро перлитот со 2 дела почва оплодена со ѓубриво.
- Пример шема за примена во производството на расад: измешајте 2 дела агро перлит, 2 дела почва и 1 дел тресет.
Vermiculite 100L - Вермикулит
Вермикулитот е природен минерал од групата на Хидро-мика, кој се образува во внатрешноста на земјата.
После обработка при температура 1000 0C се претвора во лесен порозен материјал. Тој е инертен, хемиски и биолошки стабилен, стерилен. Благодарение на содржината на микроелементи како: калциум, магнезиум, калиум, железо и силициум, вермикулитот е природен биостимулатор за растењето на растенијаа.
Својства: