КОШНИЧКА

0 артикла
Дома ОСВЕТЛУВАЊЕ ЛАМПИ ЛАМПИ ЗА РАСТ GIB Growth Spectre MH 600W - метал-халидна сијалица за раст

GIB Growth Spectre MH 600W - метал-халидна сијалица за раст

Цена: 4,460.00ден
  • Код:
    72
  • Тежина:
    0.350 кг

Светлината емитирана од Growth Spectre MH е особено погодна за растенија во раст, вегетација и формирање на лисна маса.

Како погодност од користење на ова сијалица GIB Growth Spectre MH 600W, стеблата на растенијата стануваат поздрави, а пак листовите се поголеми и пообилен е вегетативниот циклус. Растенијата се убаво разеленети, живописни и повеќе заситени со хлорофил т.е зелена маса и боја. Одговара за секаков тип на растенија, особено на растенијата кој не ја сакаат сенката.

 

Карактеристики:

 
  • ПРОИЗВОДИТЕЛ: GIB
  • МОДЕЛ: спектар за вегетативен циклус на растенија
  • ТИП: MH/метал халид
  • МОЌНОСТ: 600W
  • ОТВОР-ГОЛЕМИНА: E40
  • ТЕМПЕРАТУРА НА БОЈА: 6000K
  • ЖИВОТЕН ВЕК-ТРАЈНОСТ: 10000 часа
  • ЛУМЕНИ: 50 000lm

 

 

 

 

Растот, плодовите, издржливоста, па дури и времето на цветање на растенијата се целосно зависни од светлината што ја добиваат. Квалитетот и интензитетот на светлината како и времетраењето на осветлувањето се исклучително важни! Изградбата на правилен систем на осветлување ќе ви гарантира одлични резултати!

 

  • Нарачај за 3,000.00ден + Купете GIB Growth Spectre MH 600W - метал-халидна сијалица за раст или друг производ од нашата Промо-селекција за да добиете бесплатна достава.

Експресна нарачка

Само 4 полиња пополнете во
Ние ќе ве контактираме во рамките на работниот ден.

ВНИМАНИЕ: Овие упатства мора да се следат за да се избегнат можни повреди, оштетувања или несреќи. Производителот на ова сијалица не е одговорен за грешки, оштетувања, изгореници или пожари кои произлегуваат од непочитување на следните упатства.

 

Користете ја сијалицата со компатибилна електрична опрема односно пригушници-баласти. Користете само баласти одобрени од страна на CSA и UL.  Избегнете директен контакт со дожд или снег за да избегнете кршење заради промена на температурата. Наместете ја сијалицата цврсто, но без прекумерна сила на држачот за да ги намалите вибрациите. Не користете прекумерна сила за да изегнете кршење на сијалицата. Ова е сијалица со вакумна изолација и лесно може да пукне. Заменете ја сијалицата ако е изгребена, испукана или оштетена. Заменете ја сијалицата на крајот на нејзиниот животен циклус. 

 

Сијалицата е покриена со гаранција за дефект во период од една година од денот на купувањето. Во овој период сијалицата може да се врати на продавачот со доказ за купување (фискална сметка). Ако се најде дефект тој ќе се санира или замени. Оваа гаранција НЕ опфаќа злоупотреба на сијалицата, случајно оштетување, поправка од страна на неовластени лица.

Нашите водечки брендови