КОШНИЧКА

0 артикла
Дома ЃУБРИВА BIOBIZZ ОСНОВНИ ЃУБРИВА Bio Grow 20L - органско ѓубриво за раст

Bio Grow 20L - органско ѓубриво за раст

Цена: 9,680.00ден
  • Код:
    3083
  • Тежина:
    11.500 кг

Bio Grow е 100% органски производ за сите видови растенија, овошје, зеленчук, тревни и стеблести насади за буен и обилен раст за време на вегетативната фаза и за потхранување за време на цветањето.

Оваа моќна формула  е целосно решение за вашите растенија, бидејќи содржи се од тоа што тие имаат потреба. Bio Grow работи преку активирањето на  почвената микрофлора, што од своја страна помага за зголемување на вегетативниот раст и изградбата на еден здрав и одлично функционален коренов систем. Со висока концентрација на азот, најсоодветен е за употреба во вегетативната етапа на развојот и е идеален за трајна употреба на билки и листнати зеленчуци. И покрај тоа може да се употребува во целиот период на раст на сите растенија и се користи од многу производители како тоник за време на етапите на цветање и плододавање.

Карактеристики на Bio Grow:

  • Висока концентрација на азот за енергичен вегетативен раст
  • Изобилие од микроелементи, шеќери, витамини и хумини киселини за здрави растенија
  • Целосно органски ѓубриво, раствор направен целосно од екстракт од шеќерно цвекло
  • Идеален за био земјоделие

Bio Grow содржи екстракт од шеќерно цвекло и е збогатен со 70 микроелементи, природни шеќери, хумини киселини, алги  и витамини B1, B2, C и E

 

 

  • Нарачај за 3,000.00ден + Купете Bio Grow 20L - органско ѓубриво за раст или друг производ од нашата Промо-селекција за да добиете бесплатна достава.

Експресна нарачка

Само 4 полиња пополнете во
Ние ќе ве контактираме во рамките на работниот ден.

Bio grow е соодветен за сите почвени смеси. Тој може да се употребува за време на целата етапа на развој. И покрај тоа неговата примена треба да започне кога ќе се оформат првите ливчиња на вашите растенија (обично кога се околу 10-15см високи).

Дозирање2-4 ml/L при секое поливање. Единствениот исклучок е кога го користите Bio Grow со почвата BioBizz All mix, во тој случај пак се применува со секое поливање, но во доза 1ml/L
 

N-P-K вредност: 4 -3- 6; pH: 5.5; EC: 1.3

Се препорачува и користење за време на цветањето како додаток на Bio-Bloom и Top-Max.
Протресете добро пред употреба! Чувајте го на ладно и темно, недостапно за деца и домашни животни!

Предвременото мешање на органски производи не се препорачува, бидејќи тие започнуваат да ферментираат ако се остават повеќе од 24 часа!

Нови продукти

Нашите водечки брендови