Валута
MKD
  • EUR
  • MKD
Јазик
Мени
Профил
Јазик

Alien XL 8 POT RDWC - хидропонски систем

Цена: 58,330.00ден
  • Код:
    2340
  • Тежина:
    30.000 кг

Alien XL 8 POT RDWC е хидропонски систем тип "меурчиња"

Методот на меурчињата е корисен за одгледување на растенија, чии корени се потопени во силно кислороден хранлив раствор.

Како работи?

Системите Alien ™ за рециркулација на длабоко-водни култури се со иновативен дизајн и за оние гровери, кои сакаат да одгледуваат растенија во помал број, но со поголем обем.

Искористувајќи го хидроенергетскиот систем Alien ™ RDWC, можете да го оптимизирате максималниот потенцијал за раст, тој како супер кислороден хранителен раствор постојано циркулира низ системот преку вградена пумпа. Вградената пумпа создава проток, кој го раздвижува растворот преку саксии со мешање и ладење на хранливите материи. Овој проток, исто така, обезбедува витални хранливи материи за корените, оптимизирање на нивното здравје и зголемување на ефикасноста на апсорпцијата на хранливи материи.

Важно е нивоата на pH и EC да се оддржуваат непрекинато поради високиот обем на водата, кој се содржи во системoт.

Дизајн

RDWC хидропоните системи се нудат во две големини - со 20 литраски саксии или XL 30 литарски саксии.

20 литрарските саксии се сврзани заедно со еден ред од 32 мм цевки и фитинзи. XL саксиите од 30 литри се сврзани заедно со два реда. Тоа дава можност за слободно отекувачки систем, кој го рециркулира хранливиот раствор неколку пати на час. Цевката со поголем дијаметар е монтирана за да се справи со проблемот со блокирањето на транспортот на хранливите материи кон коренот. Цревата за воздух се сврзани кон секој сад за оптимално аерирање на растворот.

Нема тајмери за подесување, само пуштете во работа.

Воздушни комплети

Комплетот за аерација на нашиот систем од 30 литри XL содржи воздушна пумпа "Енвиро ЕТ" - висококвалитетна, супер тивка пумпа. Исто така се доставуваат и 100 мм аерирачки камења и црева за воздух, кои се произведени за фирма Alien, направени од врвен зелен, еластичен PVC материјал.

20-литрарски комплет Air користи серија Hailea V, која исто работи тивко.

Ripstop Tank

Alien ™ Ripstop е еластичен резервоар за вода, кој дозволува на целиот систем да се постави дури и во тесни простори.  Материјалот е нетоксичен, 100% светлоотпорен и како што кажува името, не се кине.

Резервоарот Alien ™ Ripstop е сврзан кон главната саксија. Во неа се содржи регулирачки, пловен вентил кој го оддржува нивото на хранливиот раствор во системот. Нивото на хранливиот раствор може да биде покачено или спуштено, за да одговара на вашите барања кон растенијата.

Подесување

Саксиите имаат претходно пробиени дупки. Со секоја систем се обезбедени висококвалитетни прибори за цевки. Не се неопходни други инструменти. Ги користиме нашите сопствени специјално проектирани фитинзи за осигурување на здрави, водоотпорни врски. Целиот систем брзо се монтира.

Експресна нарачка

Just 4 полиња to fill in
Ние ќе ве контактираме во рамките на работниот ден.
Alien XL 8 POT RDWC - хидропонски систем

Карактеристики:

  • кислородниот DWC
  • Аериран хранслив раствор
  • Унифициран PH & EC
  • Не е неопходна почва
  • 32 мм цевка и фитинзи
  • Нема електроника
  • Прилагодени системи достапни во било која големина
  • Вклучен е резервоар за вода
  • Може да се искористи со водни разладувачи

Комплетот вклучува:

  • 8 х 30 литра саксии
  • 100л резервоар
  • Въздушна пумпа ET40
  • 8 x капаци
  • 8 x кошнички за хидро
  • Секачи за цевки
  • инструкции
  • 36 х Пружини
  • 1бр единичен пропуск
  • 34 x 32 мм нипли
  • 12 х 32 мм колено
  • 1 x 32-20mm спојка
  • 4 x дупли црева за сврзување
  • 9 х аерирачки камења
  • 4 метра х 13 мм црево
  • 9 метра х 4 мм црево
  • 4 метра x 32 мм црево
  • 3 метра x 19 мм црево
  •  L конектори x 2
  • Главна саксија

Спецификации:

  • Идеален за гроубокс или просторија од: 2,4 х 1,2 метри
  • Обем на системот: 210 литра
  • Обем на резервоарот: 100 литра
  • Користена  на моќност: 43w
  • Проток на воздушната помпа: 40 литра / мин
  • Проток на водната помпа: 800 литра / час

Нови продукти