КОШНИЧКА

0 артикла
Дома ЃУБРИВА BIOBIZZ СТИМУЛАТОРИ ЗА РАСТ И ЦВЕТАЊЕ ALG-A-MIC 1L - органски стимулатор за животност и издржливост

ALG-A-MIC 1L - органски стимулатор за животност и издржливост

Цена: 955.00ден
  • Код:
    182
  • Тежина:
    1.150 кг

Alg-A-Mic е целосно органски фитоефектор за поголема животност и издржливост.

 

Во својата основа претставува екстракт од студено-пресовани морски алги, со висока содржина на микроелементи, аминокиселини, витамини и хормони  од растително потекло. Тој работи чудесно за намалување на реакцијата од вкупните стресни фактори како: прехранување, хранливи дефицити, напади од штетници и колебања на температурата и влажноста. Ослободува повеќе енергија за зголемување на растењето, приносите и производството на хлорофил. Растенијата имаат потреба од нешто повеќе од една основна хранлива програма. Користењето на додатоци како Alg-a-mic ќе Ви помогне да го извлечете максимумот од вашите растенија, така што тие производи содржат големо разнообразие од корисни додатоци кои растенијата можат да искористат да се зголеми нивната заштита и растење.

Alg-a-mic може да се користи како фолијарен спреј со сите средини на одгледување и покрај тоа е најефикасен во почвени субстрати, бидејќи е органски производ, а во почвата се содржат неопходните микроорганизми за разградување на органските материи и нивното усвојување од растенијата.

  • Нарачај за 1,500.00ден + Купете ALG-A-MIC 1L - органски стимулатор за животност и издржливост или друг производ од нашата Промо-селекција за да добиете бесплатна достава.

Експресна нарачка

Само 4 полиња пополнете во
Ние ќе ве контактираме во рамките на работниот ден.

Дозирање:

  • за наводнување од 1-4ml/L
  • како фолијарен спреј од 1-2ml/L два пати неделно до втората седмица на цветањето

Претходно мешање на органски производи не се препорачува бидејќи тие започнуваат да ферментираат ако се остават повеќе од 24 часа! 

Протресете добро пред употреба! Да се чува на суво и темно место, подалеку од дофат на деца и животни.

Нови продукти

Нашите водечки брендови