Валута
MKD
  • EUR
  • MKD
Јазик
Мени
Профил
Јазик

Категории во низа

Пронајди го производот по

Дома ЃУБРИВА

ЃУБРИВА

Филтри

Piranha 250ml - стимулатор за корен

Piranha е 100% органски продукт (OMRI и OIM сертифициран) за модифицирање на кореновата зона кој содржи 11 корисни спори на габи. Едно паковање Piranha може да содржи повеќе од  милиони колонии на габи и билиони микроорганизми.

Овие габични спори се активираат веднаш штом се растворат во вода. Тие го стимулираат растот на коренот и допринесуваат за зголемена апсорција на вода и хранливи материи. Колониите од габичките може да се видат како ''влакна" на површината на коренот и можат да ја зголемат кореновата маса до 700%. Тие работат во симбиоза и создаваат жив систем околу коренот на растението и супстратот.

Piranha, додатокот од корисни габички од Advanced Nutrients, е мешавина од дванаесет вида endomycorrhizal и ectomycorrhizal  габички. Овие внимателно избрани и изолирани видови на габички природно се јавуваат во  здрави почви и коренови системи.

Габите растат во кореновиот систем и медиумот за растење за да обезбедат големи придобивки кај приносот. Piranha внесува корини габи и бактерии во средината на одледување и во растенијата со цел добивање на поздрав принос, поголеми коренови системи , за подобра апсорција на хранливи материи за да се постигне поголема продуктивност. Исто така Piranha им помага во заштитата на растенијата од стрес, кој го доживуваат растенијата кои растат во затворено.

  • Ја зголемува апсорцијата на кислород, хранливите материи и вода од корените
  • Го зголемува растот на корените за отимална продуктивност
  • Помага корените да растат помасивно
  • Го зголемува производството на етеричните масла, кои го засилуваат нивниот вкус и аромата
  • Ја зголемува целокупната состојба на културите, давајќи им можност на растенијата да извлечат хранливи материи и додека се под стрес

Piranha гарантира подобрување на продуктивноста, кореновите системи и приносот, затоа што вистинската комбинација и количина на овие високо специјализирани микроорганизми се внимателно проучени за да се создаде најдобра можна формулација. Ако сакате да ги искористите ефектите од зголемувањето на растот на симбиотските корисни габички, Piranha е логичен избор!

Кореновите стимулатори помагаат за подобар и побрз развој на кореновиот систем. Кореновите се најважните делови од растението кои се одговорни за апсорција на хранливи материи. Добриот коренов стимулатор ја одржува кореновата зона здрава и чиста преку целиот животен циклус.

Продуктите на Advanced Nutrients се специјално назначени за брз раст на вашите растенија, обилно цветање, поздрави растенија и потешки плодови.

Цена: 1,680.00ден
Број:

Voodoo Juice 250ml - стимулатор за корен

VooDoo Juice е производ кој содржи 6 разновидности на корисни бактерии, кои ги зголемуваат животните функции на растението и највеќе ја зголемуваат кореновата маса. Зголемувањето на кореновата маса дава можност за прифаќање на хранливите материи, побрзо и подобро. На овој начин се зголемува продуктивноста на вашите растенија.

Во исто време, за да се гарантира, дека Voodoo Juice има многу долг живот и одлична единствената одржливост на микробите во неа се става во режим на хибернација со „антагонистични“ состојки, кои што се користат за да се задржат микроорганизмите на Voodoo Juice во пасивна состојба, се додека не се мешаат во резервоар за храна. Токму во овој момент антагонистичките состојки се разредуваат. Веднаш по разредувањето на компонентите на антагонистот, микробите во Voodoo Juice излегуваат од нивната латентна состојба, се продуцираат брзо и пристапуваат кон работа, завиткувајќи се и продирајќи во корените, со што придонесуваат за зголемување на растителните хормоните, зголемување на големината и фукнцијата на коренот.

Voodoo Juice ги храни вашите корени, за да имате побезопасни, нахранети и здрави растенија, како и засилен раст. Тој е основен и важен чекор, што лесно можете да го направите за да ја зголемите продуктивноста на вашата градина .

  • Го подобрува развојот на кореновиот систем на расадот, растенијата и нивно множење
  • Помага да се зголеми големината и разгранетоста на корените
  • Помага за поефикасно внесување на хранливи материи и на тој начин ви заштедува време и пари
  • Зголемен раст на растенијата, создавајќи повеќе импресивни бои
  • Корени поотпорни на топлина, стрес, суша, деградација на храната и други проблеми

Кореновите стимулатори помагаат за подобар и побрз развој на кореновиот систем. Кореновите се најважните делови од растението кои се одговорни за апсорција на хранливи материи. Добриот коренов стимулатор ја одржува кореновата зона здрава и чиста преку целиот животен циклус.

Продуктите на Advanced Nutrients се специјално назначени за брз раст на вашите растенија, обилно цветање, поздрави растенија и потешки плодови.

Цена: 1,560.00ден
Број:

CANNA PK 13-14 500ml - стимулатор на цветање

CANNA PK 13/14 е комбинација од стимулирачки минерали за цветањето, во форма која е максимално прифатлива од растенијата.

Овој производ е разработен специјално за фазата на цветање на брзорастечки растенија. Тој  е лесен за употреба и е гаранција за повисоки приноси без многу напори. CANNA PK 13/14 е смеса од макроелементите фосфор и калиум. Фосфорот е елемент одговорен за плодноста на растенијата. Неговото присуство е претпоставка за образувањето на плодни пупки. Учествува во синтезата на сите масла, шеќери, скробови и др.,освен тоа има важна улога врз образувањето и зацврстувањето на ткивото, што од своја страна ја зголемува отпорноста на растенијата.

Калиумот игра важна улога во фотосинтезата, учествува во образувањето на протеини, го подобрува квалитетот на плодовите и ја засилува отпорноста на растенијата на стресни фактори-ниски температури, засушаување, напад од болести и непријатели и др.

Додатокот CANNA BOOST ACCELERATOR, кој ја забрзува размената на материите, го засилува ефектот на CANNA PK 13/14. CANNA PK 13/14 обезбедува дополнителни елементи, неопходни за цветање, а CANNA BOOST ACCELERATOR добавува енергија за прифаќање на тие елементи. Со оваа комбинација растението ќе има уште помоќни и изобилни цветови!

Цена: 620.00ден
Број:

Sensi Grow A+B 1L - минералено ѓубриво за раст

pH Perfect Sensi Grow Parts A&B користи најкомплетен и најнапреден опсег на хелати од сите хранливи формули, освен од pH Perfect Connoisseur. За железото на пример, во серијата на pH Perfect Sensi има четири различни хелати: EDTA, EDDHA, DTPA и амино хелат.

Продуктите од серијата pH Perfect Sensi содржат оптимален сооднос на N-P-K за специфични видови на култури. Тоа е факт кој е докажан преку илјада тестови со проби од растителни ткиво. Исклучително прецизната хелација, која ќе ја откриете во продуктите pH Perfect Sensi Grow Parts A&B, ги издвојува од конкурентите и го подигнува скалилото за развој на индустријата.

За секој користен микроелемент има по два хелатни соединенија.

pH Perfect Sensi Grow Parts A&B може да се користи при секој вид на одлгедување. Хидропонски режим, супстратни култури, аеропонски култури, почвено одгледување- дава чудесни резултати без сомнение. Благодарение на нивната хелација, производот ќе ги доставува хранливите материи во широк спектар на pH условии ќе ги задржи растенијата здрави во најразлични услови од животната средина.

Продуктот не користи вишок амониум. Амониумот е еден од главните виновници за оштетување на коренот. pH Perfect Sensi Grow Parts A&B користи патентирани состојки кои го менуваат однесувањето на клеточните ѕидови. Ова им овозможува на растенијата да растат на начин што би бил невозможен во "нормални" услови.

pH Perfect Sensi Grow Parts A&B e вегетативниот дел од pH Perfect Sensi која е дополнета со pH Perfect Sensi Bloom Parts A&B. Кога би ги исклучиле pH Perfect Connoisseur, тоа е најнапредната формула за основни хранливи елементи во светот, наменета за специфични видови на растенија, кои ги одгледувате.

Вашите растенија ги користат состојките од Sensi Grow што резултираат со брз раст, богато зеленило и здрава структура! Ете зошто користењето на pH Perfect Sensi Grow, со дводелна формула, работи толку добро во производствените хидропонски градини. Погоден е и за почвено одгледување, сите хидропонски методи, аеропоника и капково наводнување.

Карактеристики:

  • Автоматски ја балансира pH вредноста
  • Вклучува специјални состојки за неверојатен вегетативен раст
  • Ја забрзува фазата на раст на вашето растение, давајќи максимални резултати
  • Ги подготвува растенијата за поголеми и попродуктивни приноси
  • Содржи фармацевтски реагенси и хелатори

Што претставуваат основните ѓубрива?

Растенијата имаат потреба од многу различни фактори за да растат: светлина, воздух, вода и храна. Кога станува збор за подхранување, исто како и луѓето, растенијата имаат потреба од "балансирана диета". Ова подразбура правилно балансирано ѓубриво, кое ги содржи сите основни елементи за раст, кои претставуваат цврста основа за здрав раст на растенијата. Секакви видови на стимулатори може да се додадат во циклусот на одгледувањето, но основните хранливи елементи се градливите елементи за здрави растенија.

Цена: 2,500.00ден
Број:

Sensi Grow A+B 5L - минерално ѓубриво за раст

Цена: 5,500.00ден
Број:

Sensi Bloom A+B 1L - минерално ѓубриво за цветање

Sensi Bloom e неверојатно двокомпонентно ѓубриво за цветната фаза на вашите растенија. Користете pH Perfect Sensi Bloom ако го сакате најдоброто за вашите скапоцени растенија. Sensi Bloom им дава цврста основа, која е неопходна за максимално цветање.

Тој содржи органски стимулатор наречен Wet Betty, кој помага за рамномерни распределување на течностите, богатите хранливи соединенија, така што вашите растенија имаат полесен пристап до се она од кое што имаат потреба. Продуктот исто така содржи хумусни и флуво киселини. Исто така за да се осигурате дека вашите растенија добиваат толку многу хранливи материи колку што им давате, нашите научници се потпираат на хелацијата за да ја подобрат апсорцијата. Всушност, оваа формула 5 во 1 содржи максимален број хелатни макрохранливи соединенија, од кои имаат потреба вашите растенија за побрз раст и пообемно цветање.

Покрај тоа, следниве миркохранливи елементи се 100% хелатни: железо, цинк, манган, молибден, бакар, бор и кобалт, што значи дека вашите растенија полесно ќе ги апсорбираат и користат овие хранливи елементи, а со тоа ќе добиете поголеми пупки и поголема продуктивност во исто време!

Придобивките од формулата pH Perfect Sensi Bloom се тестирани и докажани, така што може да очекувате подобри резултати, во споредба со оние што би ги добиле доколку користоте други продукти. Всушност, цветањето ќе почне да се одвива порано со повеќе пупки за помаклу време, цветови со подебел дијаметар и подобра цветна структура, како и подолг период за цветање, бидејќи вашите растенија ќе цветаат порано. Сето ова придонесува за поголема гсутина, поубава арома, повеќе бои и поголема издржливост на вашите растенија.

Карактеристики:

  • Автоматски ја балансира pH вредноста
  • Предизвикува порано светање со повеќе пупки
  • Го подготвува растението за поголеми и попродуктивни приноси
  • Содржи фармацевтски реагенски и хелатори

Што претставуваат основните ѓубрива?

Растенијата имаат потреба од многу различни фактори за да растат: светлина, воздух, вода и храна. Кога станува збор за подхранување, исто како и луѓето, растенијата имаат потреба од "балансирана диета". Ова подразбура правилно балансирано ѓубриво, кое ги содржи сите основни елементи за раст, кои претставуваат цврста основа за здрав раст на растенијата. Секакви видови на стимулатори може да се додадат во циклусот на одгледувањето, но основните хранливи елементи се градливите елементи за здрави растенија.

Цена: 2,500.00ден
Број:
Page 16 of 42

Нови продукти

Најпродавани