КОШНИЧКА

0 артикла
Дома ЃУБРИВА ADVANCED NUTRIENTS ОСНОВНИ ЃУБРИВА Sensi Grow A+B 1L - минералено ѓубриво за раст

Sensi Grow A+B 1L - минералено ѓубриво за раст

Цена: 1,630.00ден
  • Код:
    935
  • Тежина:
    2.500 кг

pH Perfect Sensi Grow Parts A&B користи најкомплетен и најнапреден опсег на хелати од сите хранливи формули, освен од pH Perfect Connoisseur. За железото на пример, во серијата на pH Perfect Sensi има четири различни хелати: EDTA, EDDHA, DTPA и амино хелат.

Продуктите од серијата pH Perfect Sensi содржат оптимален сооднос на N-P-K за специфични видови на култури. Тоа е факт кој е докажан преку илјада тестови со проби од растителни ткиво. Исклучително прецизната хелација, која ќе ја откриете во продуктите pH Perfect Sensi Grow Parts A&B, ги издвојува од конкурентите и го подигнува скалилото за развој на индустријата.

За секој користен микроелемент има по два хелатни соединенија.

pH Perfect Sensi Grow Parts A&B може да се користи при секој вид на одлгедување. Хидропонски режим, супстратни култури, аеропонски култури, почвено одгледување- дава чудесни резултати без сомнение. Благодарение на нивната хелација, производот ќе ги доставува хранливите материи во широк спектар на pH условии ќе ги задржи растенијата здрави во најразлични услови од животната средина.

Продуктот не користи вишок амониум. Амониумот е еден од главните виновници за оштетување на коренот. pH Perfect Sensi Grow Parts A&B користи патентирани состојки кои го менуваат однесувањето на клеточните ѕидови. Ова им овозможува на растенијата да растат на начин што би бил невозможен во "нормални" услови.

pH Perfect Sensi Grow Parts A&B e вегетативниот дел од pH Perfect Sensi која е дополнета со pH Perfect Sensi Bloom Parts A&B. Кога би ги исклучиле pH Perfect Connoisseur, тоа е најнапредната формула за основни хранливи елементи во светот, наменета за специфични видови на растенија, кои ги одгледувате.

Вашите растенија ги користат состојките од Sensi Grow што резултираат со брз раст, богато зеленило и здрава структура! Ете зошто користењето на pH Perfect Sensi Grow, со дводелна формула, работи толку добро во производствените хидропонски градини. Погоден е и за почвено одгледување, сите хидропонски методи, аеропоника и капково наводнување.

Карактеристики:

  • Автоматски ја балансира pH вредноста
  • Вклучува специјални состојки за неверојатен вегетативен раст
  • Ја забрзува фазата на раст на вашето растение, давајќи максимални резултати
  • Ги подготвува растенијата за поголеми и попродуктивни приноси
  • Содржи фармацевтски реагенси и хелатори

 

Што претставуваат основните ѓубрива?

Растенијата имаат потреба од многу различни фактори за да растат: светлина, воздух, вода и храна. Кога станува збор за подхранување, исто како и луѓето, растенијата имаат потреба од "балансирана диета". Ова подразбура правилно балансирано ѓубриво, кое ги содржи сите основни елементи за раст, кои претставуваат цврста основа за здрав раст на растенијата. Секакви видови на стимулатори може да се додадат во циклусот на одгледувањето, но основните хранливи елементи се градливите елементи за здрави растенија.

 

  • Нарачај за 3,000.00ден + Купете Sensi Grow A+B 1L - минералено ѓубриво за раст или друг производ од нашата Промо-селекција за да добиете бесплатна достава.

Експресна нарачка

Само 4 полиња пополнете во
Ние ќе ве контактираме во рамките на работниот ден.

Начин на употреба: се користи за хидропоника, почвено одгледување, аеропоника, капково наводнување, NFT, EBB/Flow системи.

Аплицирајте 4ml/L за време на сите седмици од вегетативниот раст.