Валута
MKD
  • EUR
  • MKD
Јазик
Мени
Профил
Јазик

Категории во низа

Пронајди го производот по

Дома ЃУБРИВА

ЃУБРИВА

Филтри

Bio Heaven 5L - органски стимулатор за фаза раст и фаза цветање

Bio Heaven e целосно органски производ создаден од природни протеински извори.

Тој содржи вредни аминокиселини кои што се од суштинско значење на здравиот метаболизам кај едно растение, како и се разбира природниот ферментиран хумус кој што е извор на јаглерод за микроорганизмите  и  помага за побрзо и целосно користење на макро и микроелементите од почвата со сврзувањето со органски материи (хелација). Земањето хранливи материи од растенија во почвата обично изнесува околу 5-10% од сите достапни елементи во неа. Хелацијата сепак, ја зголемува достапноста на хранливи материи (во некои случај и до 90%), обезбедувајќи вашите растенија да имаат пристап до елементите што им се потребни за здрав и продуктивен раст и развој.

Bio Heaven може да се користи низ целиот период на раст и цвет-плод, во секаков вид на субстрат. Дизајниран како додаток, така што може да се користи со било какво наводнување до избраната програма за храна.

Основни карактеристики на BioBizz Bio Heaven:

  • Засилено хелатирање на основните хранливи материи
  • Забрзана и зголемена апсорпција на хранливи материи
  • Извор на јаглерод за почвените микроорганизми
  • Го корегира хлорофилот и го подобрува задржувањето на влагата 
  • Промовира здрав раст и го зголемува имунитетот на растенијата

Bio Heaven е исклучително богат со био стимуланти и аминокиселини, но има многу низок сооднос на NPK од 0,91 / 0,18 / 0,24. Ниските нивоа на азот, фосфор и калиум гарантират, дека Bio Heaven може да се користи како стимулатор и на раст-развој вегетација и на формирање цвет и цветање.

Цена: 15,220.00ден
Број:

Canna Terra Vega 10L - минерално ѓубриво за растење

CANNA Terra Vega е производ специјално разработен за вегетативната фаза.

 

Се употребува при одгледување како во саксии така и при надворешно сеење. Одгледувањето во почва, има своите предности - по непретенциозниот карактер на срединаата, каде малите отстапувања или предозирање со ѓубрива, немаат толку сериозни последици врз растенијата, но пак недостатокот се состои во тоа, што различните видови почва различно ги задржуваат различните видови хранливи материи, поради што најсоодветната доза тешко може да биде определена.

 

Препаратот CANNA TERRA е разработен специјално, за да ги реши овие проблеми и со тоа да постигне добри резултати при секој вид почва. Освен тоа гарантира целосна апсорпција на водата и хранливите материи од почетокот на одгледувањето. Богат е со азотни соединенија, микроелементи и  железни хелати.

Цена: 4,500.00ден
Број:

Canna Terra Flores 10L - минерално ѓубриво за цветање

CANNA Terra Flores е производ кој одговара за фазата на цветање.

Тој многу ќе ви олесни при одгледувањето на едно здраво и силно растение и одличен краен резултат. Terra Flores е богат со хелатни микроелементи кои се наоѓаат во достапна форма и можат да се апсорбираат веднаш од растението. Го стимулира стартувањето на цветањето и ги содржи сите неопходни материи и состојки, неопходни за целата фаза на ветање.

 

Terra Flores може да се користи за внатрешно и надворешно одгледување во почва и почвени миксови.

Цена: 4,500.00ден
Број:

Canna Rhizotonic 5L - стимулатор за корен

CANNA Rhizotonic е производ уникатен по својата природа, содржи повеќе од 60 активни компоненти, повеќето и најважните од кои се извлекуваат од посебен вид арктички алги. Различните микроелементи и витамини како Б1 и Б2 стимулираат производството на хормони за растот на корените, обезбедуваат еден здрав и силен коренов систем. 

Rhizotonic го убрзува процесот на ртење, кога се користи за накиснување на семиња пред сеење. Се користи во дози од 40мл / 10л на тој начин ја омекнува кожата на семето што го прави полесно нивно 'ртење. На сосема природен начин го стимулира кореновиот систем и дава силна отпорност на растенијата на промените во надворешната среда. 

Многу производители се согласуваат дека растенијата се обновуваат многу побрзо од стресни ситуации ако листовите биле попрскувани со Rhizotonic. Тој исто така ќе ги подобри растенијата, кои се слабо развиени!

Цена: 9,650.00ден
Број:

CANNA PK 13-14 5L - стимулатор на цветање

CANNA PK 13/14 е комбинација од стимулирачки минерали за цветањето, во форма која е максимално прифатлива од растенијата.

Овој производ е разработен специјално за фазата на цветање на брзорастечки растенија. Тој  е лесен за употреба и е гаранција за повисоки приноси без многу напори. CANNA PK 13/14 е смеса од макроелементите фосфор и калиум. Фосфорот е елемент одговорен за плодноста на растенијата. Неговото присуство е претпоставка за образувањето на плодни пупки. Учествува во синтезата на сите масла, шеќери, скробови и др.,освен тоа има важна улога врз образувањето и зацврстувањето на ткивото, што од своја страна ја зголемува отпорноста на растенијата.

Калиумот игра важна улога во фотосинтезата, учествува во образувањето на протеини, го подобрува квалитетот на плодовите и ја засилува отпорноста на растенијата на стресни фактори-ниски температури, засушаување, напад од болести и непријатели и др.

Додатокот CANNA BOOST ACCELERATOR, кој ја забрзува размената на материите, го засилува ефектот на CANNA PK 13/14. CANNA PK 13/14 обезбедува дополнителни елементи, неопходни за цветање, а CANNA BOOST ACCELERATOR добавува енергија за прифаќање на тие елементи. Со оваа комбинација растението ќе има уште помоќни и изобилни цветови!

Цена: 3,980.00ден
Број:

CANNA Boost Accelerator 5L - стимулатор на цветање

CANNA BOOST ACCELERATOR e моќен стимулатор за цветање за постигнување на високи приноси и висок квалитет и е разработен специјално за брзорастечки растенија.

Тој гарантира не само повисоки приноси, поседува и квалитети за подобрување на вкусот, така што на тој начин  се постигнуваат не само квантитативни, но и квалитативни резултати. CANNA BOOST ACCELERATOR е универзален, што значи дека може да се употребува со сите видови хранливи материи и во сите средини на одгледување. Тој може да се додава на субстратот, или да се да се прска врз лисјата (спреј за лист), кога растенијата се уште млади.

Предноста е што растението ги апсорбира растечките стимулатори директно преку лисјата. Прскањто на лисјатата треба да се запре, кога цветовите ќе започнат да нарастнуваат.

Додатокот CANNA BOOST ACCELERATOR, кој всушност го забрзува метаболизмот на растенијата, го засилува ефектот на CANNA PK 13/14CANNA PK 13/14 осигурува дополнителни елементи, неопходни за цветање, а CANNA BOOST ACCELERATOR ја добавува енергијата за прифаќање на тие елементи. Со оваа комбинација растението ќе има уште поизобилни цветови!

Цена: 16,775.00ден
Број:
Page 11 of 42

Нови продукти