КОШНИЧКА

0 артикла
Дома ВЕНТИЛАЦИЈА ВЕНТИЛАТОРИ Nicotra 4250 m3/h - излезен / влезен вентилатор

Nicotra 4250 m3/h - излезен / влезен вентилатор

Цена: 27,570.00ден
  • Код:
    1301
  • Тежина:
    15.000 кг

Звучно изолиран центрифугален вентилатор во шпертплочен корпус

Моќен и исклучително тивок поради својот MDF акустичен корпус. Моторот е на познатиот бренд Torin-Sifan, кои се добро познати со нивниот квалитет и сигурност. Материјалот на корпусот е од шперплоча, која осигурува идеална внатрешна изолација. Гарантирани ниски нивоа на шум и висока ефективност, истовремено со капацитет да придвижува голем обем на воздухот. Се доставува со прирабници за влез и излез, куки и гумички за закачување.

 

- прирабници: 2 x 250mm ; 1 x 315mm

- димензии: 62х61х61cm

- проток: 4250m3/h

- моќност: 1000W

Соодветен излезен вентилатор за просторија соо големина од околу 34кв.м.

 

 

Свежиот воздух е ваш пријател! Секоја соба за одгледување (indoor) мора да има добро дизајниран систем за вентилација. За вашата култура да биде со добар квалитет, треба да размислите за добро прочистување на воздухот како и внесување свеж воздух во просторијата.

Вентилаторот помага да се одржи доволно добро ниво на воздухот, со што ќе ја одржувате здрава средината во вашата просторија за одледување. За да постигнете висок квалитет на воздухот, треба да обезбедите доволно размена на воздухот во просторијата за одгледување. Задоволителната размена во просторијата варира со надворешните температури. Со циркулирање, мешање, полнење на воздухот, вентилаторот дава висок степен на контрола врз влажноста, топлината, јаглерод диоксидот (CO2) и циркулацијата на воздухот.

  • Нарачај за 3,000.00ден + Купете Nicotra 4250 m3/h - излезен / влезен вентилатор или друг производ од нашата Промо-селекција за да добиете бесплатна достава.

Експресна нарачка

Само 4 полиња пополнете во
Ние ќе ве контактираме во рамките на работниот ден.

Вентилаторот е покриен со гаранција за дефект за период од 5 години од денот на купувањето. Во овој период, вентилаторот може да се врати на продавачот со доказ за купување (фискална сметка). Ако се најде дефект, тој ќе се санира или замени.

Оваа гаранција НЕ опфаќа злоупотреба на вентилаторот, случајно оштетување (губење, мокрење), поправка од страна на неовластени лица и замена на делови од производител различен од оригиналот.