Валута
MKD
  • EUR
  • MKD
Јазик
Мени
Профил
Јазик
Дома ОСВЕТЛУВАЊЕ ЛАМПИ КОМБИНИРАНИ ЛАМПИ Sylvania Grolux 600W - натриумова сијалица за раст и цветање

Sylvania Grolux 600W - натриумова сијалица за раст и цветање

Цена: 2,220.00ден
  • Код:
    121
  • Тежина:
    0.500 кг

Комбинираните натрумови сијалици од Sylvania, се едни од најупотребуваните во гровингот. Тие имаат подобрено зрачење и во синиот и црвениот спектар, што ја зголемува ефикасноста на фотосинтезата и го стимулира цветањето уште повеќе. Применливи во секоја фаза од животниот циклус на растенијата.

 

- Се вклучува преку соодветен пригушник
- Поставете ја најмалку 60 см од врвовите на растенијата
- Фасонка E40
- CPA: 141Lm / W
- Ампеража: 5.5A
- 90.000 Lm, 215.000 Phyto-Lm
- PAR: 1100 μmol / s; ефикасност 1,79 μmol / W
- Животот: 24000 часа
- Температура на бојата: 2050K
- Препорачана температура на околината: 25°C
- гаранција: 12 месеци од датумот на продажба

 

Растот, плодовите, издржливоста, па дури и времето на цветање на растенијата се целосно зависни од светлината што ја добиваат. Квалитетот и интензитетот на светлината како и времетраењето на осветлувањето се исклучително важни! Изградбата на правилен систем на осветлување ќе ви гарантира одлични резултати!

Комбинираните сијалици даваат како црвена, така и плава светлина, што ги прави соодветен извор на светлина за фазата на раст и за фазата на цветање.

 

Експресна нарачка

Just 4 полиња to fill in
Ние ќе ве контактираме во рамките на работниот ден.
Sylvania Grolux 600W - натриумова сијалица за раст и цветање

ВНИМАНИЕ: Овие упатства мора да се следат за да се избегнат можни повреди, оштетувања или несреќи. Производителот на ова сијалица не е одговорен за грешки, оштетувања, изгореници или пожари кои произлегуваат од непочитување на следните упатства.

Користете ја сијалицата со компатибилна електрична опрема односно пригушници-баласти. Користете само баласти одобрени од страна на CSA и UL.  Избегнете директен контакт со дожд или снег за да избегнете кршење заради промена на температурата. Наместете ја сијалицата цврсто, но без прекумерна сила на држачот за да ги намалите вибрациите. Не користете прекумерна сила за да изегнете кршење на сијалицата. Ова е сијалица со вакумна изолација и лесно може да пукне. Заменете ја сијалицата ако е изгребена, испукана или оштетена. Заменете ја сијалицата на крајот на нејзиниот животен циклус. 

 

Сијалицата е покриена со гаранција за дефект во период од една година од денот на купувањето. Во овој период сијалицата може да се врати на продавачот со доказ за купување (фискална сметка). Ако се најде дефект тој ќе се санира или замени. Оваа гаранција НЕ опфаќа злоупотреба на сијалицата, случајно оштетување, поправка од страна на неовластени лица.

Нови продукти