Валута
MKD
  • EUR
  • MKD
Јазик
Мени
Профил
Јазик

Категории во низа

Пронајди го производот по

Дома ПОЧВИ ВЕРМИКУЛИТ, КЕРАМЗИТ, КАМЕНА ВОЛНА

ВЕРМИКУЛИТ, КЕРАМЗИТ, КАМЕНА ВОЛНА

Филтри
«1 2»

AGRO PERLITE 1L - Перлит

Перлитот се користи во различни пропорции во зависност од тоа за кои растенија се користи. Може да се користи на отворено, за производство на садници, за пресадување цвеќиња, грмушки и дрвја, како и за одгледување саксии. Односот помеѓу агро перлитот, почвата и тресет зависи од култивираните растенија.
 
Пример шема за примена во растенија во саксии: измешајте 1 дел од агро перлитот со 2 дела почва оплодена со ѓубриво.
Пример шема за примена во производството на расад: измешајте 2 дела агро перлит, 2 дела почва и 1 дел тресет.

Цена: 30.00ден
Број:

Clay pebbles 1L - Керамзит

Керамзит (глинени камчиња) е произведен со користењето на комбинација од најдобрите кавалитетни делови глини и се пече во отворена печка со помош на висока класа чисти горива, кои гарантираат отсуство на тешки метали или други загадувачи.  

Големианта на камчињата осигурува стабилност, а нерамномерната форма на камчето е идеална површина за корени и полезни бактерии. Порозната структура има висок воден капацитет и одговара како за ebb/flood и top системи за напојување.

Обично треба да се мијат пред да бидат употребени, бидејќи са склони да имаат глинен прав врз нив кој се должи на триењето едно со друго за време на транспортот.

 

За најдобри резултати, измијте и накиснете го во вода со коригирано рН, во период од 3-5 дена, така што ќе го менувате водниот раствор со рН-то секој ден. Тоа ќе произведе средина, која не води до зголемување на CF на вашиоят хранлив раствор и има минимално ввлијание врз рН. Кога се исчистени, тие можат да бидат пуштени во ebb/flow системи или во саксии за капко-распрскувачките-системи, со вашите растенија, поставени директно во нив.

 

 

После прибирање на реколтата, старите корени можат да бидат отстранети рачно, пред повторна употреба. Накиснувањето на керамзитот во квалитетен ензимски производ во траење од неколку дена, исто ќе помогне да се соборат старите корени. На овој начин, камчињата можат да бидат повторно употребувани по неколку пати.И покрај тоа, после неколко употреби, керамзитот е склон да ја губи својата груба, порозна површина и ќе мора да биде сменет, за да се запази неговата ефективност. Камчињата може да се смешуваат во почви за подобрување на одводнувањето или да се искористат во  контејнери со почва, за да се намали испарувањето на вода.

 
Цена: 35.00ден
Број:

Vermiculite 1L - Вермикулит

Вермикулитот е природен минерал од групата на Хидро-мика, кој се образува во внатрешноста на земјата.

После обработка при температура 1000 C  се претвора во лесен порозен материјал. Тој е инертен, хемиски и биолошки стабилен, стерилен.  Благодарение на содржината на микроелементи како: калциум, магнезиум, калиум, железо и силициум,  вермикулитот е природен биостимулатор за растењето на растенијаа. 
 

  • Обемна маса: 80-100кг/м3
  • Фракција: 5-15мм
  • pH – 7
  • Не содржи азбест

 

Својства:

  • Со своето високо својство на сорбција и воздушен капацитет, вермикулитот е одличен регулатор на влажноста и влијае позитивно врз развојот на корените.
  • Во почвените смеси се додава  со цел оддржување на оптимални услови на почвената влага, воздушен капацитет и топлински баланс, создавајќи  благопријатни услови за хранење на растенијата.
  • Благодарение на својата порозна структура,  гранулите веднаш ја превземаат влагата и хранливите материи (100гр проголтуваат околу 400мл вода) кои ги даваат постепено на растенијата.
  • Користењето на вермикулит како компонента до (40%) во субстратите  значително ги подобрува дренажните својства на смесата, ја зголемува пороозноста и ровкавоста, спречува запечатување  и лепењето на почвата, ги заштитува корените од рески температурни колебања..
  • Ги заштитува корените од угинување поради највисокото напојување со тоа што истовремено ја задржува влагата, додека корените не ја прифатат. 
  • За разлика од агроперлитот, ја задржува влагата подолго време.
  • Благодарение на одличните ситоплоизолациони својства, тој создава благопријатна средина за чување на луковици, грутки и кореништа.
  • Поседува висок јонообменен  капацитет така што ги задржува позитивно наполнетите јони на калиум, магнезиум и други микроелементи внесувани со ѓубрењето, кое го испушта постепено на растенијата.
  • Значително ја подобрува структурата и аерацијата на тешки глинести почви и влагозадржувачкиот капацитет на лесни песочни почви.
  • Благодарение на неутралното  pH може до извесен степен да ја намали киселоста на почвата и да го забави процесот на засолување.
  • Особено одговара при изградба на тревни површини, така што ги заштитува од преовлажнување или премногу исушување.  
  • Поради ниската топлопроводност, го намалува ризикот од измрзнување на кореновата система на многугодишните растенија.
  • При непотребно наѓубрување, вермикулитот апсорбира микро- и макроелементите,  така што истовремено ги намалува загубите на амониев и нитратен азот.

 

 

 

Цена: 70.00ден
Број:

Canna Clay pebbles 45L - Керамзит

CANNA Aqua Clay Pebbles се печени глинени топчиња кои формираат идеална подлога за употреба од искусни производители

 

Благодарение на нивната уникатна структура, CANNA Aqua Clay Pebbles нуди идеална основа за производителите кои сакаат кои сакаат да ја контролираат примената на хранливи материи и нивото на влажност на нивните растенија во текот на целиот процес на култивирање. CANNA Aqua Clay Pebbles се направени од специјални видови глина кои имаат мала содржина на растворлива сол. Поради тоа тие се особено погодни за употреба во хидропонски системи.

CANNA Aqua Clay Pebbles имаат висока порозност и висока содржина на воздух, со што го стимулира развојот на коренот.

CANNA Aqua Clay Pebbles се неоргански, имаат неутрална pH вредност, немаат габи и не гнијат. Тие се состојат од различни компоненти кои заедно формираат оптимална, хетерогена структура која е идеална за развој на коренот.

Пред да користите:
-Важно е темелно да ги исплакнете камчињата за да се отстрани песокот и да се измијат остатоците.
-Препорачливо е секогаш да го проверувате нивото на pH.
-Добро измешајте и оставете неколку минути. Измерете ја pH вредноста. Ако е висока(7.0 или повеќе) натопете ги камчињата преку една ноќ со фосфорна или азотна киселина(или pH- коректор). Потоа исплакнете темелно пред употреба.

 

Цена: 1,380.00ден
Број:

Gold Label Hydrocorn 45L - керамзит

Gold Label Hydrocorn е безбеден, обновлив и еколошки производ.

Глинените камчиња се произведуваат со мешавина на чисти глини со врвен квалитет и се печат во отворена печка со висококвалитетни чисти горива кои гарантираат отсуство на тешки метали или друга нечистотија.

- Со RHP сертификат за квалитет на хортикултурата.

Големината од 8-16 мм обезбедува стабилност, а уникатната нерамна форма на камче е идеална за корените и корисни бактерии. Порозната структура има висок воден капацитет и е погодна за системи за наводнување.

 

Пред да го користите:

  • Важно е темелно да се исплакнат камчињата за да се отстрани песокот и да се измијат останатите остатоци.
  • Препорачливо е секогаш да се провери нивото на pH. Ставете дел од камчиња во чаша вода, прилагодена на pH 6.0.
  • Промешајте добро и оставете неколку минути. Пронајдете ја pH вредноста. Ако е висока (7.0 или повисока), апсорбирајте ги камчињата преку ноќ во раствор од фосфорна или азотна киселина (или во pH регулирање надолу). Потоа темелно исплакнете пред употреба. Ако вашиот кермезит е неутрален, добро измијте и добро исплакнете.

 

По бербата:

  • Обично е доволно да се мие за да се добијат сите органски остатоци и да се исплакнат темелно.
  • Доколку е потребно, во случај на инсекти или инфекции со габи, се препорачува да се дезинфицираат камчиња. За да го направите ова, натопете ги во силна киселина (или во pH-отстранувач).
  • Глинените камчиња исто така може да се мешаат со други растечки медиуми.
  • Постојат неколку можни комбинации: во почвата, перлит или вермикулит.
Цена: 1,380.00ден
Број:

Agro Perlit 100L - Агро Перлит вреќа 100Л

Перлитот се користи во различни пропорции во зависност од тоа за кои растенија се користи. Може да се користи на отворено, за производство на садници, за пресадување цвеќиња, грмушки и дрвја, како и за одгледување саксии. Односот помеѓу агро перлитот, почвата и тресет зависи од култивираните растенија.
 
Пример шема за примена во растенија во саксии: измешајте 1 дел од агро перлитот со 2 дела почва оплодена со ѓубриво.
Пример шема за примена во производството на расад: измешајте 2 дела агро перлит, 2 дела почва и 1 дел тресет.

Цена: 1,800.00ден
Број:
Page 1 of 2
«1 2»