Валута
MKD
  • EUR
  • MKD
Јазик
Мени
Профил
Јазик
Дома ЃУБРИВА BIOBIZZ ОСНОВНИ ЃУБРИВА Fish Mix 1L - органско ѓубриво за раст

Fish Mix 1L - органско ѓубриво за раст

Цена: 690.00ден
  • Код:
    180
  • Тежина:
    1.150 кг

FishMix е целосно органско ѓубриво, предодередено претежно за користење во етапата на растење, но може да се користи и при етапата на цветање од развојот на растенијата. Тој делува преку стимулирање на микроорганизмите во почвата што од своја страна го зголемува приемот на хранливи материи од растенијата и го забрзува нивното растење. FishMix целосно е добиен од биолошки произведена рибна емулзија и екстракт од шеќерно цвекло. Бидејќи голем дел од него е произведен од риби тој има остра миризба и затоа се препорачува за надворешно одгледување.

Како едно од првите органски ѓубрива, произведени во Холандија, Fish Mix постепено гради меѓународна репутација како исклучително ѓубриво за раст! Дури и со денешниот конкурентен пазар тој сеуште се смета за еден од најдобрите органски производи.

При сооднос NPK од 5-1-4, Fish Mix е предодреден базично за употреба во време на вегетативниот стадиум на растење, но може да се користи и за време на целото цветање, за да се поттикне листната маса. Тој може да се користи и за поливање на почвата и како спреј за листот и не содржи никакви хемиски додатоци.

Fish mix е целосно добиен од органска рибја емулзија од Северно море и екстракт од нишесте од шеќерно цвекло. 

Fish Mix работи преку зголемување на растот на корисните организми во почвата, што на свој начин ги зголемува достапните хранливи материи и помага за забрзување на растот на вашите растенија. Тoj може да се користи за збогатување на стари растенија или растенија со лош квалитет.

Основни крактеристики на Fish Mix:

  • Целосно органско растително ѓубриво
  • Ги стимулира микробите и го забрзува вегетативниот раст
  • Може да се користи како спреј
  • Производ на водечкиот холандски биолошки производител BioBizz

Органските производители се склони да избираат од две основни ѓубрива за раст - BioBizz Grow и BioBizz Fish Mix. И двата се одлични за стимулирање на биолошката активност во почвата, здрав раст и развој. Топло го препорачуваме Fish Mix, единственатиот недостаток е остриот мирис. Ако имате намера да користите Fish Mix на затворено, само уверете се дека имате добра вентилација. Во целина Fish Mix е еден од најдобрите органски производи.

FishMix е еквивалент на Biobizz Bio Grow, затоа овие основни ѓубрива за раст не треба да се употребуваат заедно, за да не се добие преоптоварување со азот.

 

 

 

Експресна нарачка

Just 4 полиња to fill in
Ние ќе ве контактираме во рамките на работниот ден.
Fish Mix 1L  - органско ѓубриво за раст

Fish-Mix може да се користи за време на целата етапа од развој на растенијата. И покрај тоа неговата примена треба да започне кога ќе се оформат првите ливчиња на вашите растенија (обично кога се околу 10-15 см високи).

Fish-mix одговара како за градини на отворено, така и за во оранжерии.
Fish-mix може да се применува и како фолијарен спреј во доза од 1-2ml/L (1-2 пати седмично) до втората седмица на цветањето
За полeвање: 1-4 ml/L

N-P-K вредност: 5-3-4;  pH: 5.7;  EC: 1.4

Протресете добро пред употреба! Чувајте на ладно и темно место, недостапно за деца и домашни животни!

Предвремено мешање на органски производи не се препорачува затоа што започнуваат да ферментираат ако се остават повеќе од 24 часа!

Нови продукти