КОШНИЧКА

0 артикла
Дома ЃУБРИВА BIOBIZZ СТИМУЛАТОРИ ЗА РАСТ И ЦВЕТАЊЕ Bio Heaven 250ml - органски стимулатор за фаза раст и фаза цветање

Bio Heaven 250ml - органски стимулатор за фаза раст и фаза цветање

Цена: 1,040.00ден
  • Код:
    177
  • Тежина:
    0.300 кг

Bio Heaven e целосно органски производ создаден од природни протеински извори.

Тој содржи вредни аминокиселини кои што се од суштинско значење на здравиот метаболизам кај едно растение, како и се разбира природниот ферментиран хумус кој што е извор на јаглерод за микроорганизмите  и  помага за побрзо и целосно користење на макро и микроелементите од почвата со сврзувањето со органски материи (хелација). Земањето хранливи материи од растенија во почвата обично изнесува околу 5-10% од сите достапни елементи во неа. Хелацијата сепак, ја зголемува достапноста на хранливи материи (во некои случај и до 90%), обезбедувајќи вашите растенија да имаат пристап до елементите што им се потребни за здрав и продуктивен раст и развој.

Bio Heaven може да се користи низ целиот период на раст и цвет-плод, во секаков вид на субстрат. Дизајниран како додаток, така што може да се користи со било какво наводнување до избраната програма за храна.

Основни карактеристики на BioBizz Bio Heaven:

  • Засилено хелатирање на основните хранливи материи
  • Забрзана и зголемена апсорпција на хранливи материи
  • Извор на јаглерод за почвените микроорганизми
  • Го корегира хлорофилот и го подобрува задржувањето на влагата 
  • Промовира здрав раст и го зголемува имунитетот на растенијата

Bio Heaven е исклучително богат со био стимуланти и аминокиселини, но има многу низок сооднос на NPK од 0,91 / 0,18 / 0,24. Ниските нивоа на азот, фосфор и калиум гарантират, дека Bio Heaven може да се користи како стимулатор и на раст-развој вегетација и на формирање цвет и цветање.

  • Нарачај за 3,000.00ден + Купете Bio Heaven 250ml - органски стимулатор за фаза раст и фаза цветање или друг производ од нашата Промо-селекција за да добиете бесплатна достава.

Експресна нарачка

Само 4 полиња пополнете во
Ние ќе ве контактираме во рамките на работниот ден.

За полевање: 2-5 ml/L да се користи од втората седмица на раст до 2 седмици пред берба односно во фазта на цветање.

Протресете го добро пред употреба! Да се чува на ладно и темно место кое нема да е достапно до деца и домашни животни миленичиња! 

Претходна припрема на раствор од органски производи не се препорачува бидејки тие ферментират ако се остават повеќе од 24 часа!

Нашите водечки брендови