Валута
MKD
  • EUR
  • MKD
Јазик
Мени
Профил
Јазик

Vermiculite 100L - Вермикулит

Цена: 2,800.00ден
  • Код:
    1750
  • Тежина:
    15.000 кг

Вермикулитот е природен минерал од групата на Хидро-мика, кој се образува во внатрешноста на земјата.

После обработка при температура 1000 0C  се претвора во лесен порозен материјал. Тој е инертен, хемиски и биолошки стабилен, стерилен.  Благодарение на содржината на микроелементи како: калциум, магнезиум, калиум, железо и силициум,  вермикулитот е природен биостимулатор за растењето на растенијаа. 
 

- Обемна маса: 80-100кг/м3
- Фракција: 5-15мм
- pH – 7
- Не содржи азбест
 

Својства:

- Со своето високо својство на сорбција и воздушен капацитет, вермикулитот е одличен регулатор на влажноста и влијае позитивно врз развојот на корените.
- Во почвените смеси се додава  со цел оддржување на оптимални услови на почвената влага, воздушен капацитет и топлински баланс, создавајќи  благопријатни услови за хранење на растенијата.
- Благодарение на својата порозна структура,  гранулите веднаш ја превземаат влагата и хранливите материи (100гр проголтуваат околу 400мл вода) кои ги даваат постепено на растенијата.
- Користењето на вермикулит како компонента до (40%) во субстратите  значително ги подобрува дренажните својства на смесата, ја зголемува пороозноста и ровкавоста, спречува запечатување  и лепењето на почвата,  ги заштитува корените од рески температурни колебања..
- Ги заштитува корените од угинување поради највисокото напојување со тоа што истовремено ја задржува влагата, додека корените не ја прифатат. 
- За разлика од агроперлитот, ја задржува влагата подолго време.
- Благодарение на одличните ситоплоизолациони својства, тој создава благопријатна средина за чување на луковици, грутки и кореништа.
- Поседува висок јонообменен  капацитет така што ги задржува позитивно наполнетите јони на калиум, магнезиум и други микроелементи внесувани со ѓубрењето, кое го испушта постепено на растенијата.
- Значително ја подобрува структурата и аерацијата на тешки глинести почви и влагозадржувачкиот капацитет на лесни песочни почви.
- Благодарение на неутралното  pH може до извесен степен да ја намали киселоста на почвата и да го забави процесот на засолување.
- Особено одговара при изградба на тревни површини, така што ги заштитува од преовлажнување или премногу исушување.  
- Поради ниската топлопроводност, го намалува ризикот од измрзнување на кореновата система на многугодишните растенија.
- При непотребно наѓубрување, вермикулитот апсорбира микро- и макроелементите,  така што истовремено ги намалува загубите на амониев и нитратен азот.
 

 

 

Експресна нарачка

Just 4 полиња to fill in
Ние ќе ве контактираме во рамките на работниот ден.
Vermiculite 100L - Вермикулит

Норми на употреба:

  • За зголемување на влагозадржувањето во тресетни субстрати додавате 20-40 % вермикулит.
  • Во субстрати за бонсаи до 50%.
  • За изградба на тревни површини: до 5л вермикулит на м2 .
  • Во шталско ѓубриво, компост, хумус до 20%.
  • За подобрување на почвата во градината околу 2-5л м2.
  • При користењето на вермикулит како дренажа: поставете на дното на саксијата околу 100-200мл вермикулит за секој литар од обемот на саксијата.
  • За чување на луковици, семиња и кореништа, посадочниот материјал се покрива со од 2 до 3 см вермикулит, така што тој е заштитен од рески температурни колебања загнивање и предвремено поклијување.
  • Вермикулитот е особено погоден како средина или додаток во субстратите за терариуми, инкубатори и аквариуми.

Нови продукти