КОШНИЧКА

0 артикла
Дома ПОЧВИ Рефус вермикулит 1Л

Рефус вермикулит 1Л

Цена: 35.00ден
  • Код:
    1749
  • Тежина:
    0.150 кг

Вермикулитот е природен минерал од групата на Хидро-мика, кој се образува во внатрешноста на земјата.

После обработка при температура 1000 C  се претвора во лесен порозен материјал. Тој е инертен, хемиски и биолошки стабилен, стерилен.  Благодарение на содржината на микроелементи како: калциум, магнезиум, калиум, железо и силициум,  вермикулитот е природен биостимулатор за растењето на растенијаа. 
 

  • Обемна маса: 80-100кг/м3
  • Фракција: 5-15мм
  • pH – 7
  • Не содржи азбест

 

Својства:

  • Со своето високо својство на сорбција и воздушен капацитет, вермикулитот е одличен регулатор на влажноста и влијае позитивно врз развојот на корените.
  • Во почвените смеси се додава  со цел оддржување на оптимални услови на почвената влага, воздушен капацитет и топлински баланс, создавајќи  благопријатни услови за хранење на растенијата.
  • Благодарение на својата порозна структура,  гранулите веднаш ја превземаат влагата и хранливите материи (100гр проголтуваат околу 400мл вода) кои ги даваат постепено на растенијата.
  • Користењето на вермикулит како компонента до (40%) во субстратите  значително ги подобрува дренажните својства на смесата, ја зголемува пороозноста и ровкавоста, спречува запечатување  и лепењето на почвата, ги заштитува корените од рески температурни колебања..
  • Ги заштитува корените од угинување поради највисокото напојување со тоа што истовремено ја задржува влагата, додека корените не ја прифатат. 
  • За разлика од агроперлитот, ја задржува влагата подолго време.
  • Благодарение на одличните ситоплоизолациони својства, тој создава благопријатна средина за чување на луковици, грутки и кореништа.
  • Поседува висок јонообменен  капацитет така што ги задржува позитивно наполнетите јони на калиум, магнезиум и други микроелементи внесувани со ѓубрењето, кое го испушта постепено на растенијата.
  • Значително ја подобрува структурата и аерацијата на тешки глинести почви и влагозадржувачкиот капацитет на лесни песочни почви.
  • Благодарение на неутралното  pH може до извесен степен да ја намали киселоста на почвата и да го забави процесот на засолување.
  • Особено одговара при изградба на тревни површини, така што ги заштитува од преовлажнување или премногу исушување.  
  • Поради ниската топлопроводност, го намалува ризикот од измрзнување на кореновата система на многугодишните растенија.
  • При непотребно наѓубрување, вермикулитот апсорбира микро- и макроелементите,  така што истовремено ги намалува загубите на амониев и нитратен азот.

 

 

 

  • Нарачај за 3,000.00ден + Купете Рефус вермикулит 1Л или друг производ од нашата Промо-селекција за да добиете бесплатна достава.

Експресна нарачка

Само 4 полиња пополнете во
Ние ќе ве контактираме во рамките на работниот ден.

Норми на употреба:

  • За зголемување на влагозадржувањето во тресетни субстрати додавате 20-40 % вермикулит.
  • Во субстрати за бонсаи до 50%.
  • За изградба на тревни површини: до 5л вермикулит на м2 .
  • Во шталско ѓубриво, компост, хумус до 20%.
  • За подобрување на почвата во градината околу 2-5л м2.
  • При користењето на вермикулит како дренажа: поставете на дното на саксијата околу 100-200мл вермикулит за секој литар од обемот на саксијата.
  • За чување на луковици, семиња и кореништа, посадочниот материјал се покрива со од 2 до 3 см вермикулит, така што тој е заштитен од рески температурни колебања загнивање и предвремено поклијување.
  • Вермикулитот е особено погоден како средина или додаток во субстратите за терариуми, инкубатори и аквариуми.

Нашите водечки брендови