Валута
MKD
  • EUR
  • MKD
Јазик
Мени
Профил
Јазик
Дома ЃУБРИВА XPERT NUTRIENTS ОСНОВНИ ЃУБРИВА Master Bloom A+B 5L - минерално ѓубриво за цветање

Master Bloom A+B 5L - минерално ѓубриво за цветање

Цена: 5,030.00ден
  • Код:
    3526
  • Тежина:
    10.250 кг

Неопходно основно ѓубриво за цветање, кој овозможува стабилно и обилно цветање на растенијата.

Master Bloom A&B е специјално формулиран за да им обезбеди на растенијата идеален состав на хранливи материи за фазата на цветање, зголемувајќи ја способноста на растенијата да цветаат продуктивно. Тoj гарантира правилна исхрана на растенијата и достигнување на нивниот целосен потенцијал. По фазата на раст, потребите за хранливи материи почнуваат да се менуваат. Master Bloom A&B е идеално формулиран да продолжи да ги снабдува растенијата со она што им е потребно за да изградат густи, богати цветови.

Главни карактеристики на овој продукт се:

  • Врвен квалитет, лесна апликација.
  • Збир на специјални состојки за поголема густина на цветовите
  • Предизвикува обилно цветање за максимален принос кај растенијата
  • Погоден за секој метод на одгледување и секоја средина за одгледување (Почва,Кокос,Хидропоника)

 

Експресна нарачка

Just 4 полиња to fill in
Ние ќе ве контактираме во рамките на работниот ден.
Master Bloom A+B 5L - минерално ѓубриво за цветање

Master Bloom A&B е моќно ѓубриво со брзо дејство кое содржи вистинска количина на макронутриенти за цветање. Ја зголемува метаболичката активност и апсорпцијата на минералните елементи користејќи единствена формула. Со тоа произведува обилни, густи цветови во клучните фази на цветањето.

Master Bloom A&B е развиен врз основа на прецизна нутритивно избалансирана формула, со додадени хранливи состојки. Така, избалансираната мешавина на макроелементи допира до растенијата и целосно ги храни за уште поенергичен развој.

Состав:
Master Bloom part A - NPK 3-0-0

Калциум Ca 2,5%, магнезиум Mg 1,0%, хелатни микроелементи, бор B 0,05%, железо Fe DTPA 0,017%, железо Fe EDDHA 0,04%, манган Mn 0,04% цинк Zn 0, 02%, бакар Cu 0,002%, Молибден Mo 0,001%.

Master Bloom B - NPK 2-3,5-8,5
Сулфур - SO3 1,4%

Начин на употреба:
2-4 ml/1 литар вода, според фазата на цветање на растението. Добро протресете пред употреба. За секоја апликација, користете Master Bloom A и Master Bloom B во еднакви дози едно по друго.
(Аплицирате дел A и мешате во поливната вода, потоа аплицирате дел Б и повторно мешате)

Складирање:

Чувајте го во оригинално пакување на суво и ладно место. НЕ во ладилник, на температура од 5 до 28°C, Подалеку од дофат на деца и домашни миленичиња. Заштитете од директна сончева светлина. Рок на трање -5 години.

Специјални мерки за препазливост при употреба: Во случај на контакт со очи исплакнете темелно со вода и консултирајте се со доктор.

Нови продукти